• Сподели на:

Кои хороскопски знаци најлесно се вљубуваат?

___

Ракот не може без љубов, Близнакот прво добро ќе размисли…

 

Огнените знаци

Луѓето родени во знакот на Овен, Лав или Стрелец брзо се заљубуваат, но и брзо се “оладуваат”. Доколку увидат дека кај некоја личност одредена карактеристика им се допаѓа, подготвени се за авантура. Меѓутоа, тоа не значи дека се промискуитетни и дека не можат да остварат долга и квалитетна љубовна врска. Само е тешко да ги “фатите”, но оние кои ќе успеат во тоа ќе бидат повеќекратно наградени. Доколку сакате некој од огнената тројка да се вљуби во вас, но и да остане со вас во врска, не ограничувајте ја нивната слобода, а огнот одржувајте го со малку внимание.

 

Воздушни знаци

Близнак, Вага и Водолија понекогаш премногу размислуваат, па затоа не се заљубуваат на прв поглед. Најнапред ја анализраат личноста која им се допаѓа, потоа сакаат да донесат заклучок колку таа личност е добра за нив и каква иднина би ги очекувала во љубовната врска. Тие подготвуваат список – “за и против”, па потоа одат во акција. Затоа може да делуваат ладно и незаинтересирано во однос на останатите знаци. Меѓутоа водат сметка и на инелигенцијата на личноста, шармот, физичкиот изглед, но и материјалниот статус им е многу важен.

 

Земјени знаци

Стабилноста е клучна за Бикот, Девицата или Јарецот. Тие се вљубуваат во личности за кои претпоставуваат дека нема да им прават стресни ситуации, да се фолираат… Споро се вљубуваат, но не треба да ги притискате да се одлучат. Овие личности тешко се менуваат, не се подготвени за компромис, па бараат од партнерот лесно да се прилагодува. Имајте го ова во предвид доколку сакате да освоите личност која во зодијакот е земјен знак.

 

Водени знаци

Ракот, Шкорпијата и Рибата се знаците кои најлесно се вљубуваат. Тие не можат да живеат без љубов, внимание и нежност и тоа во големи количини. Но тоа не значи дека се и најмалку верни. Но никогаш немојте да си играте со нивните чувства, бидејќи не проствуаат лесно. Ќе ви дадат веројатно втора шанса, но никогаш не играјте на картата дека ќе има и трета.

 


Оставете коментар

___