Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____лајфстајл features

Кога сонувате секс, откривате свои желби и стравови

Универзитетот во Монтреал, Канада, спровел истражување кое во 2007 година покажало дека 8% од соништата на испитаниците содржат секс, при што во поголем број тоа биле мажите.

Сепак, жените имаат исто така соништа во кои се испреплетуваат љубов и секс, но и желби и стравови. Психологот Асифе Ндлела тоа го толкува како откривање на желбите, но и на анксиозностите од реалниот живот.

– Истражувањата покажуваат дека соништата често содржат важни насоки околу она што не право среќен или ни носи стрес, но и како да се насочиме меѓу тие две нешта. Природата на сексот може да открие скриена надеж или страв. Доколку сонувате дека имате секс со некој друг што не бил ваш партнер, тоа го потенцира вашето незадоволство со физичкиот контакт во вашата врска,- тврди псхихологот.

Според нејзните информации, жените најчесто сонуваат за партнерите кои ги имале во реалниот живот, како и дека почесто сонуваат славни личности отколку мажите. Некои од толкувањата на соништата во кои имате секс со славни личности укажуваат дека вие сте оние кои поседувате некој големт талент или интерес, но за кој не одвојувате доволно време.

Доколку во вашите соништа имате секс со познато лице, но не бил ваш партнер, туку е пријател или колега од работа, тоа укажува дека уживате во соработката или дружбата со нив, но таквите индикации најчесто водат кон заеднички професионални успеси во реалноста, а не кон нова врска.

Доколку пак во своите соништа имате кошмари дека сте цел на некој „пазач“ или потенцијална цел за некој напаѓач, тоа може да значи дека сте под стрес од некоја работа или личност. Ваквите соништа наводно се јавуваат и кога неодамна сте флертувале со некого, па едноставно вашето тело наоѓа начин да ви сигнализира дека треба да ги држите очите отворени, се додека не се спријателите подобро.

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...