Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____лајфстајл features

Кога е вистинското време за веридба?

Можеме да познаваме некоја личност со години, пред да прифатиме  да се земеме за таа личност, со години да бидеме во брак, а потоа може и нешто лошо да се случи.

Постои ли некое правило?

Како и другите работи во животот и овде вреди она: сто луѓе, сто чуда. Поради тоа, дипломатски би рекле како одговор на ова прашање зависи од паровите.

Клои Кардашијан и нејзиниот веќе бивши сопруг Ламар Одом се венчале само после месец дена откако се упознале, а во брак издржале четири години. Истро така е важно да се напомене дека на нив не пресудиле непомирливите разлики, туку неговата неверност.

Дали на некој би му рекле дека е луд што превзема толку сериозен чекор? Или би заземале страна која смета како е секој кројач на својата судбина?

Работите стојат вака: можеме да познаваме некоја личност со години, пред  да прифатиме да се земеме за истата, со години да бидеме во брак, а потоа може нешто лошо да се случи. Тоа се случува и на паровите кои на тоа прашање играле според некои друштвени прифатливи и вообичаени правила, кои чекале прикладно време. Некој секогаш може да лаже, да изневерува или едноставно да престане да биде заљубен. Па потоа се прашуваме, дали можеме на крајот на денот да знаеме дали таа врска или тој брак да потрае? Веројатно не. Но пред превзимања на толку важни чекори, ова се некои од работите кои би требале да се случат:

  1. Треба да си кажете еден на друг “те сакам” и тоа навистина да го мислите.
  2. Треба да ги познаваш неговите блиски пријатели и членови на семејството.
  3. Треба да доживеете неколку расправии, како би виделе како реагирате на стрес.
  4. Треба да искусите неслога околу некои работи.
  5. Треба да разговарате за финансиите, семејни улоги и каде би сакале да живеете.
  6. Мора да чувствувате дека можете да му верувате во било кој момент.
  7. Треба да знаеш дека пред него можеш да бидеш она што си, да разговараш искрено и тој секогаш ќе се чувствува дека е почитуван.
  8. Морате да бидете сексуално компатибилни и двајцата да се чувствувате задоволени.
Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement