Она за што момците фантазираат, прилично се разликува од она што жените го посакуваат…
Брендот на долна облека Bluebella спроведе анкета во која побарал од волонтерите да одговорат на прашањата за совршен изглед, создавајќи идеално тело од деловите на телата на познатите личности.
Резултатите од анкетата покажуваат дека жените сакаат лик на Кара Делавињ, совршена коса како на Кејт Мидлтон и стомачни мускули на Гвинет Палтроу. Сепак, она што е интересно е фактот дека мажите идеалното женско тело го замислуваат сосема поинаку! Тие сметаат дека апсолутно неодоливи се градите на Ким Кардашијан, колковите на Кели Брук, ликот на Меган Фокс и локните на Скарлет Јохансон!
Необично зарем не? Додека жените би сакале да имаат младешки изглед, мажите без сомнение воздивнуваат на заносни облини.
Како е во прашање идеалното машко тело, тука разликите не се толку драстични, освен тоа што мажите, иделните пропорции ги замислуваат со многу поголеми мускули, отколку жените.
Кои се вашите иделани пропорции???



You must be logged in to post a comment Login