Сонувате за маж кој ќе ве занесе и со кој ќе го поминете животот? Или можеби фантазирате за жена во која ќе бидете лудо заљубени и дека ќе живеете среќно до крајот на животот? Ако одговорот е да – вие сте малиот дел од сите!
Дури третина од мажите се женат со девојката за која воопште не мислат дека е “онаа правата”, покажува истражувањето на интернет страницата Match.
Во истражувањето учествувале 5 илјади луѓе. За разликата од секој трет маж, секоја петта жена потврдила дека запловила во брачните води со личноста која има некои чувства и топлина, но не биле заљубени. Причината за таквото брачно врзување лежи во фактот дека многу не веруваат дека постои идеалната личност. Желбата за женење е многу посилна кај дваесет годишните отколку кај триесет годишните, а мажите по 40-тата имаат најголема желба за судбоносното “да”.
Исто така, 44 проценти од мажите, во односот со 50 проценти од жените, сметаат дека лошиот секс може да ја уништи врската. Додека на мажите сексот им е и многу важен, па затоа 20 проценти од мажите кажале дека никогаш не би се врзувале за коже која сексуално не ги привлекува, жените и понатаму даваат можност да го одбере партнерот на кој сава акцент на образованието и кариерата.

You must be logged in to post a comment Login