Додека земјените знаци се најразумни во шопингот, огнените го доживуваат како лов. Водените знакови мора да бидат расположени за купување, а за воздушните тоа е само забава.
Овен: Има одлична интуиција за купување
Како ловецот со мисија, и припадниците на овој знак во продавницата се движат од полица до полица. Не е важно дали купува храна, електроника или облека, Овенот добро знае што сака и нема да се откаже додека не го добие тоа. Најдобро е да купува сам, бидејќи другите обично го нервираат со нивните коментари, а и поради тоа што не размислуваат како нив. Лоша страна на неговиот шопинг е што не посетува многу продавници, и на крајот поминува “поскапо”.
Бик: Практичен во шопинг
Припадниците на овој знак во продавница се трпелици од било кој друг. Нивното мото е да пронајдат вистинска вредност за парите. Освен тоа, најчесто се држат во границите на буџетот и купуваат плански, и спремни се да се ценкаат. Лоша страна на Биковите во шопингот е тоа што се прилично нефлексибилни, и нема да земат во предвид нешто друго што им се нуди од она што го зацртале.
Близнаци: Шопингот е трка на 200 метри
Нетрпеливите припадници на овој знак сакаат да купуваат, но на начин веднаш да го видат тоа што го сакаат и тоа по поволна цена, за да можат да исчезнат од продавницата и да седнат на кафе. За нив, најдобро е шопингот да го поминат во друштво, бидејќи поминуваат повеќе време во зборување отколку во разгледување на работите. Нивните мани во шопингот се тоа што лесно им е да привлечат внимание, а ако станат нервозни, ќе го купат и она што не им се допаѓа, само да се отарасат од задачата за купување.
Рак: Морада биде расположен за шопинг
За припадниците на овој знак слободно може да се каже дека ќе купат нешто само подобро да се чувствуваат, а ако одат гладни во супермаркет, ќе ги испразнат сите полици. Честопати се свесни за тоа, па затоа понекогаш ќе одбегнат купување ако тоа воопшто е можно. Бидејќи не купуваат лански, често трошат повеќе отколку што можат да си приуштат.
Лав: Големи љубители на шопингот
Великодушните припадници на овој знак сакаат да купуваат за себе, но и за други. Во шопинг се опуштени и сакаат да се забавуваат, било со пријателите или со подобрата половина. Колку и да сакаат луксузни работи, многу ќе ги налутат оние работи кои се преценети, па ќе купат нешто што не им се допаѓа многу, само за да се “утешат”.
Девица: Мајстор за перфекционизам
Припадниците на овој знак во продавниците го бараат само најквалитетното, а ако не можат тоа да си го приуштат, тогаш ќе им биде мака. Тие обрнуваат големо внимание на детали, и затоа ги читаат декларациите до најситните букви. Недостаток им е тоа што се премногу пребирливи, и често по купувањето се прашуваат дали направиле добар избор.
Вага: Се водат по нивниот вкус
Ако наидат на нешто што навистина им се допаѓа, припадниците на овој знак ретко ќе се двоумат дали треба да го купат тоа или не. Сигурни се во нивниот вкус, но сакаат потврда од другите дека навистина одбрале нешто квалитетно. Недостаток им е тоа што во самостојниот шопинг ќе купат премногу работи, и добро им е да бидат во друштво со некој кој ќе ги “контролира”.
Шкорпија: На шопингот му пристапуваат стихијно
Припадниците на овој знак можат да поминат месеци без да одат на шопинг, но ако посакаат нови работи, во еден ден ќе надокнадат за сè. Купување на рати за нив е право оптеретување и затоа го одбегнуваат, ако не мораат. Способни се да потрошат многу на некои нешта кои не им требаат, но добра работа е тоа што често имаат залихи.
Стрелец: Се губи во продавници
Припадниците на овој знак можат да посетат голем број на продавници и да препешачат многу километри во шопинг. Иако имаат голема волја, сите тие работи на полиците лесно им го одвлекуваат вниманието, па стануваат изгубени и повеќе не знаат што им треба, и што сакаат. Во млади години често повеќе трошат и купуваат глупости, но покасно тоа се менува.
Јарец: Шопингот е организирана активност
Припадниците на овој знак имаат подготвен буџет, и пред заминување во продавница редовно ги проверуваат цените на интернет. И со другите ќе разговараат за тоа дали се исплати да купат нешто и ќе ги проучуваат сите опции и совети. Не им е проблем да издвојат повеќе пари за она што сметаат дека вреди, а недостаток им е тоа што нема да купат сè што им се допаѓа, а не им изгледа доволно практично. Заради тоа подоцна се жалат.
Водолија: Онлајн шопинг е одлична работа
Припадниците на овој знак немаат проблем со шопингот како таков, туку со гледањето на многу работи кои не им се допаѓаат за конечно да најдат нешто за себе. Не трошат премногу пари, а најдобро е во шопинг да одат сами бидејќи поради слабите живци ќе настане расправија со вашиот партнер. Нивниот шопинг е дефинитивно импулсивен.
Риби: Со водат од интуиција
Рибите дефинитивно немаат подготвена листа или план за она што го купуваат, тие најмногу сакаат да дојдат во продавница и да “налетаат” на она што им треба. Парите не им се важен фактор, бидејќи ќе уживаат да си го приуштат она што го сакаат. Недостаток им е тоа што можат да купат и непроверени работи, и потоа се чувствуваат измамено.





You must be logged in to post a comment Login