Кога Men’s Health започна со истражувањето поврзано со тоа што треба да има совршената жена, неговите читатели дадоа одговори кои можеби и не ги очекувавте.
Мажите обично се доживуваат како прилично едноставни суштества, за разлика од слоевитите и комплексни жени. Секако, тоа не е баш така, а најдобар доказ за тоа е истражувањето кое го спроведе Men’s Health на тема совршени жени.
До сега важеше правилото дека совршената жена треба да биде секси, паметна и забавна, но изгледа дека новото време донесе и нови правила, па совршената жена според желбите на модерните мажи изгледа значително пософистицирана.
Покрај веќе наведените карактеристики, треба да имате големи гради и долги нозе, пожелно е да сте помлада две до четири години и да имате тесни колкови.
Оние со костенлива боја на коса веќе неколку пати се прогласени за најбарани, а тоа го потврдува и ова истражување. Исто така, од совршените жени се очекува најчесто да се насмеани, образовани и да имаат свој живот, кариера и пари.
Сепак, треба да имате и мали сатапала, често да се облекувате во црвено и да се смеете на шегите на својот пратнер
Ете, ако се порнајдовте во сето ова, тогаш можете да кажете дека ги исполнувате машките соништа.

You must be logged in to post a comment Login