Ако сакате да дознаете каква сопруга ќе бидете, прочитајте ја оваа анализа…
Препознајте се себе си меѓу познатите дами.
Пр(а)ва жена!: Моника Белучи
Ако сте му го наметнале чувството на партнерот дека мора да биде среќен што сте со него и дека мора постојано да се труди околку Вас за да останете заедно, тогаш сте на добар пат да постанете ултимативна алка во брачниот синџир. “Јас и само јас”, па зарем е поинаку можно во вашиот случај? Овие жени многу внимателно ги избираат своите сопатници и секогаш се држат до паролата: “Затоа што вредам”. Мажот кој ќе го изберете мора да биде задоволен и среќен што ќе биде Ваш сопруг и негова основна цел ќе биде да ве задоволи. Прашајте било кој маж што сѐ ќе направи за само една ноќ да помине со Моника Белучи?
Тој секогаш помислува: “Ако ти треба домаќинка, изнајми си!”
Таа никогаш нема да каже: “Ти си прекрасен маж!”
Домаќинка: Џулс Оливер
Вашето главно оружје е дрвената лажица, а животната девиза: “Љубовта доаѓа преку уста”. Па дури и ако вашиот сопруг е главен во кујната, каков што е случајот со Џулс Оливер, сопруга на познатиот готвач Џејми Оливер. Животот на оваа жена е подреден на децата, а мажот… Па добро, и тој некогаш може да се вклопи. Секако, домот секогаш ќе сјае од чистота, но сексуалниот жар најверојатно со текот на времето ќе згасне. А тоа не можете да го подгреете на шпорет. Мажот никогаш нема да ве остави, но прашање е колку ќе ви остане верен.
Таа секогаш помислува: “Децата ќе спијат со мене. Можеш да одиш на софата.”
Таа никогаш нема да каже: “Само четири сабајле е, ајде да бидеме “непослуни”.
Жена која постојано се преправа: Кети Холмс
Доколку ви е најважно како околината ја перцепира вашата врска, тогаш добро прочитајте ги следниве редови. Овие жени сакаат убаво пакување однадвор, иако се свесни дека нешто во основа не е како што треба. Доколку често ви се случува да замижите на грешките на вашиот партнер заради лажно претставување пред другите, тогаш е време да ги спуштите завесите за да не се претворите во Кети Холмс. Со години читавме како Том Круз ја изневерува, а таа дотерана ги дочекуваше папараците свесна дека животот за кои многумина сонуваат има превисока цена. Жената која само се преправа никогаш нема да дознае каде е границата на самопочитта.
Таа секогаш помислува: “Сега, оденсувај како да е сѐ во ред.”
Таа никогаш нема да каже: “Животот без тебе ќе ми беше подобар”.
Жена лидер: Викторија Бекам
Организирани сте, дисциплинирани и подеднакво амбициозни како и вашата “посилна” половина? Имате тенденција брачното кормило да биде во ваши раце! Бракот за вас секогаш ќе претставува шаренолика сложувалка која ќе ја сложувате од А до Ш, по боја и по функиција. Жените лидери не се жртви на своите хормони (што е тоа ПМС!?) и ним никогаш не може да им се случи да заборават да платат сметка или да се сладат со крофна во ситните ноќни саати. Тие се верни, им се восхитуваат на своите мажи, а за кризни ситуации и развод немаат определен термин во животната агенда.
Таа секогаш помислува: “Без паника, сѐ е под контрола.”
Таа никогаш нема да каже: “Погледни, можам да држам 3 пенкала под градите!”.
Жена за сѐ: Анџелина Џоли
Модерното време од жената бара да биде добра љубовница, мајка, домаќинка, но и успешна жена. Ако сакате да го организирате животот и да не знаете што е слободно време, тогаш можете да бидете жена за сѐ. За овој тип сопруги времето не познава граница, но ни здодевни животни планови. Нив рацете им се полни со пелени, проспекти за егзотично патување, но и проекти кои колегите ќе ги остават без текст. Тие навистина можат сѐ и уживаат во тоа. Единствено прашање е кога спијат?
Таа секогаш помислува: “Не ми треба помош.”
Таа никогаш нема да каже: “Не можам да си го замислам животот без тебе!”.
Најдобар пријател: Бијонсе Ноулс
Ако уживате во сабота попладне да возите скејт борд со вашиот партнер и заедно со него да се вртите на згодните девојки, тогаш вие сте жена – пријател. Тоа и не е така лошо затоа што аналитичарите тврдат дека љубовните односи (освен брачните должности) најдобро се одржуваат во пријателска атмосфера. Сепак, не треба да се претерува. Постелата е секако местото во кое жената мора да стави до знаење дека е сопруга.
Таа секогаш помислува: “Јас сум тотално ЗА, ако и ти си за!”
Таа никогаш нема да каже: “Срце, видов преубав дијамантски накит!”.

You must be logged in to post a comment Login