Британски научници се позанимавале со темата совршени гради a резултатите од студијата ги објавиле во Службен весник за пластична и реконструктивна хирургија.
Имено британските лекари анкетирале 1.315 личности, мажи, жени, но и естетски хирурзи, а од нив се барало да изберат фотографија на гради кои најмногу им се допаѓаат. Понудени биле различни опции, гради со најразлични пропорции, големини и облици а „победиле“ градите кај кои дојката со брадавицата е поделена во размер 45:55.
-Во изминатиов период естетските хирурзи, особено во Америка, користеле импланти во облик на топки. Како последица на тоа се гради со целосно неприроден облик – вели доктор Патрик Малучи, кој го водел истражувањето.
-Тоа може да се окарактеризира, дури, како целосно неразбирање на естетската хирургија – додава тој.
Интересно е тоа што за време на истражувањето, меѓу испитаниците била воочена една група која се одлучувала токму за тој облик, а изборот најчесто паднал кај жени постари од 40 години.
– Веројатно затоа што чезнеат за она што го загубиле. Како што поминува времето, така градите губат на волумен, и веројатно затоа на жените во средни години идејата за „полни“гради им делува привлечно – вели др. Малучи.
Најубави гради се оние кои природата ви ги дала. Без оглед на предрасудите на мажите, и тие се согласуваат со тоа.

You must be logged in to post a comment Login