• Сподели на:

Како низ историјата светот гледа на жените возачи

___

Потрошувачката автомобилска хистерија во последните неколку години не ветува многу за развојот на женските права – не само кога се однесуваат на возачките вештини, туку воопшто. Еманципацијата на возачките повеќе не е во прашање, туку ослободувањето на мажите од затворот на културните трауми.

 

medium На фотографијата е моделот “Wasp Riksha – Phaeton” од 1925 година, еден од преостанатите два на светот – од вкупно шеснаесет, колку што за ексклузивната публика произведе корпорацијата Мартин – Васп во Бенингтон. Овој автомобил бил веренички поклон на Даглас Фаирбанкс Мери Пикфорд: омилен јунак во авантуристичките филмови. Тој и го поклонил овој автомобил на Мери, која била лјубимица на Америка.

Автомобилот релативно брзо по поминувањето во општо потрошачко добро доби јасен двополен карактер: неговиот влез во секојдневниот живот се поклопи со добивањето на женските права во политиката и еконимијата. Но, како како и да го подредиме хронолошки соживотот на жената со автомобилот, останува дека со луѓето од дваесетите години настанал, процветал и во главно брзо овенал статусот на автомобилот како женски накит.

 

Кога денес се зборува за “женски автомобил”, коа е обично вториот, помал автомобил во фамилијата, добар само за превоз на децата, домашните миленици, набавка на намирници, но секако не е објект за гордеење. Кога се вози автомобил повеќе не се носат ракавици и марами, како што бил обичај во шеесетите години. Автомобилската индустрија е конечно усмерена на машката публика, за која што бесрамно се користи женското тело. Кога би го тумачеле односот на автомобилската индустрија во кругот на културната симболика, можеме да се запрашаме дали жените воопшто добиле билокакви права и еконимска моќ? Едно е извесно: “дамски автомобил” повеќе не постои, не не поради високиот степен на женски права и економска моќ. Со тоа оваа совршена модна композиција од челик, месинг, кожа, дрво, гума и платно, наменета за складно да ја пополнат модната појава на возачките, можеме слободно и конечно да ја сместиме во носталгичното минато, заедно со ташната “Chanel”, свилената марама на “Hermes”, мокасините од змиска кожа на “Repetto” и парфемот “Femme”.

 

Презирот и статистиката:

 

woman_and_carНекако од крајот на триесетите години на минатиот век започнува една нова, изразито машка тенденција, да односот кола – возачка – стил полека се заменува со односот коњска сила – возач – жена како симбол. Жените од Втората светска војна се употребуваат за рекламирање на атомобили, но само како тело кое повеќе или помалку е провокативно и слабо облечено се провлекува нис кореографијата или пак како среќен терет. За чудо, како што расте достапноста на автомобилите за жените, истовремено расте и тенденцијата жените да се прикажат како слаби возачи. Мажите никаде како во автомобилот не си дозволуваат да го изговорат зборот “жена” со толку презир. Наводно жените се спори, неснаодливи, уплашени, не знаат да паркираат. Не помага ни тоа што секаде во светот статистиките покажуваат дека жените предизвикуваат помалку сообраќајни незгоди, дека се попредпазливи, дека имаат подобра контрола над брзината. Жена зад волан има некако длабоко, културно значење и траума, која длабоко го загрозува машкиот идентитет. Овој феномен се тумачи и објаснува со некои појави кои се провлекуваат низ вековите.

 

Управувањето со запрежните коли, односно коњите, со векови била исклучиво машка обврска. Жената, поради положбата во која што треба да седи на коњот, но и опасноста која постои, воглавно е исклучена од светот на запрежните коли и коњи. Жените од подолните слоеви и тоа како знаеле да управуваат со запрежни коли, а жените од повисокоте слоеви уживале во јавањето коњи. Големо достигнување било кога им било дозволено да седат во нормална природна положба, како мажите, а не во положба настрана, од која лесно паѓале и поради тоа не можеле да јаваат со поголема брзина. Но, паралелата измеѓу старите и новите средства за индивидуален превоз не е сосема оправдан. Терминот “коњскa силa” за јачината на моторот, митските представи на автомобилите како змаеви, ѓаволи и слично, во основа на автомобилската симболика е можеби еден уште појак елемент. Тоа е тркало, опремено со волан. Тркалото во најголем број од познатите религии е симбол на Сонцето, односно врховна машка власт. Сонце – машко и Месечина – женско се повтоуваат до различни митологии низ целата Земја. Сончевот тркало го придвижува целиот свет, тој е подвижна сила, он го одредува редот и моќта. Ноќ, темнина, вода, месечина, неподвижност, немоќ – би било женското подрачје. Сонцето е разум, Месечината негон.

 

Вештерска работа:

 

article-2055519-0E9AE71800000578-232_634x800Кога во глобалната митска традиција ќе се погледне чинот на седнување на жената позади воланот, и превземањето на тркалото кое го движи светот во свои раце, женската дрсскост ги поминува до сега сите познати женски дрскости. Тоа е директно мешање во најголемата компетенција на стотина машки богови на кои им се молеле милиони мажи (и жени) илјадници години. Без разлика дали тој бог се викал Зевз, Јупеитер или Перун, господар на ведрото небо и млните, или бог на разумот и редот, системот на вредности запишан во културата скандалозно се менува кога во прашање доаѓа Сонцето и боговите кога ќе се замеша женска рака. Кога во Европа доаѓало до затемнвање на Сонцето, со до 16 век, биле палени жени – вештерки, кои се сметале за агенти на Месечината и темнината.

 

Можеби сега машката траума кога станува збор за седнување на жена зад волан е јасна. Секако дека е јасно како симболичките представи можат да делуваат многу далеку и длабоко, и колку фантазија и добра волја е потребно да се вложат за да се смали погубниот ефект. Во таа смисла, корпорациите е потребно да имаат многу волја за да се смали овој ефект. Во таа смисла, корпорацијата Мартин – Васп пред повеќе од седумдесет години знаела да произведе драгоцен автомобил само за Нејзино уживање, а и во тоа време постоела публика на патиштата кои не се се плашела од Нејзе во ваков автомобил. Во поновата историја во културата е внесена убиствена, брза и тешкоуништива кола која е слична на колата која се јавила на европските фронтови за време на Првата светска војна. Трауматичната слика за моторното возило е уште поголема во Втората светска војна. Поради тоа за машката загрозеност за воланот мора да се објасни со овие историски и културни појави.

 

Родителска љубов:

 

schoolrun_1349726cАвтомобилската – потрошувачка хистерија во последните неколку години, не ветува многу во развојот на женските права – не само кога станува збор за возењето, туку и воопшто. Еманципацијата на женските возачи веќе не е веќе во прашање, туку прашање се поставува за ослободување на мажите од затворот на културните трауми. Една од нив е машкото гледање на автомобилите како машини, забележителното изедначување на тие машини со женското тело. Оваа природна манипулација на автомобилската индустрија од една страна доведе до необично придвижување на еротскиот речник во подрачјето на автомобилизмот – жто и не е така незабавно но, од друга страна, доведе до катастрофална злоупотреба и инструментализација на женското тело. Феминистичката култура понекогаш знае иронично да ја искористи оваа опседнатост.

 

Уште еден антрополошки аспект на односот спрема автомобилите го востоставуваат двата пола: анимизмот, односно препишување на човечки карактеристики на предмети, е карактеристичен за двата пола во однос на автомобилизмот. Машкиот пол спрема автомобилите многу неочекувано покажува мајчинско однесување – негување, перење, “лицкање”. Додека во спортот со коњи, од каде што произлегува културниот пример за “тимарењето”, вниманието кон коњот подеднакво морале а го делат и мажите и жените, додека негата кон автомобилот прераснала во скоро ексклузивно машко подрачје. Дали станува збор за осветничка размена на моќта – вие го превземате нашиот волан – Сонце, ние вас мајчинската компетенција?


Оставете коментар

___