• Сподели на:

Како мажените жени гледаат на своите слободни пријателки: Петте најголеми предрасуди!

___

Вројатно ви се има случено вашата мажена пријателка да исчезне веднаш по свадбата и да не ја чуете со денови. Таа ќе се вади на тоа дека вие постојано излегувате, а таа не сака да ве оптеретува со нејзиниот здодевен брачен живот.

 

Кога девојките ќе се омажат за долгогодишниот партнер, веднаш го менуваат друштвото, ги забораваат дотогашните пријатели баш заради тоа што имаат одредени предрасуди. Нивните образложенија се разновидни и најчесто се засноваат на тоа дека не им се интересни на слободните другарки, до толку што веќе немаат заеднички интереси.

Ви претставуваме пет предрасуди кои мажените девојки ги имаат кон своите слободни другарки:

 

1. Постојано се забавуваат

Мажените жени мислат дека нивните слободни другарки секоја сабота излегуваат по ноќните клубови и кога ќе им се јават во недела сабајле обавезно ги прашуваат: “Да не те разбудив?” Кога ќе чујат дека пријателките ноќта ја поминале гледајќи некој филм на телевизија, обично следува прашањето: “Да не си болна?”

 

2. Имаат слободно време на претек и не можат да бидат зафатени како пријателите кои се веќе во брак

Жените кои се во брак, плановите за пиење кафе со својата немажена другарка секогаш ги одредуваат по себе, мислејќи дека таа во секој момент ќе може да дотрча на два саати муабет. И тогаш кога ќе го испланираат долгоочекуваното кафе, често го откажуваат во последен момент бидејќи “немаат време”, не земајќи во предвид дека пријателките го планирале тој ден.

 

3. Слободните девојки се очајни што се сами и постојано трагаат по маж за кого ќе се омажат

Животот без партнер понекогаш знае да биде осамнички, но не до толку да се согласите да бидете со некого по секоја цена зашто не знаете како да си го исполните слободното време. Другарките кои се во брак секогаш ќе ги канат слободните другарки на забави или седенки за да ги запознаат со некој дечко со кој тие самите никогаш не би направиле ни една реченица муабет, а не да отидат со него во кино!

 

4. Забавувањето е лесно и возбудливо

Овој заклучок можат да го донесат само мажени жени! По некоја случајност имаат заборавено како е да отидеш на состанок со некој што не го ни познаваш, кога некој дечко со денови не ти се јавува на телефон или кога со месеци немаш никаков дечко на повидок.

 

5. Сакаат да се дружат само со слободни луѓе

Луѓето едноставно сакаат да се дружат, и ретко кој прави разлика меѓу “слободни и мажени жени”. Да се ограничувате и да се дружите само со луѓе кои ги имаат истиот брачен статус е потполна лудост и никој не би требало да претпостави дека тоа ќе биде избор на другарките.

 


Оставете коментар

___