Фудбалската треска не ги зафати само мажите. Сѐ поголем е бројот на жени кои учествуваат во навивачката грозница. За да му покажете на партнерот дека навивате за неговата екипа, изненадете го и оставете го без текст.
Сигурно не сакате за време на светското првенство вашиот алфа мажјак да добие пивски стомак, кој иако се обидуваат да го прогласат за симпатичен, сепак е одвратен. Освен тоа, поведете сметка за неговиот кардиоваскуларен систем, бидејќи како за нервниот систем, така и за срцето преголемите осцилации од еуфорија до депресија не се препорачуваат.
Оваа состојба е тешко да се избегне кога се следи борбата на згодните мажи во шорцеви, затоа ваша е задачата да го заштите вашиот партнер од тоа.
Значи, тој ги викнал другарите за гледаат утакмица. Оди во маркет и се враќа со кеси полни чипсови, смоки, грицки и неколку гајби пиво. Со оглед на тоа дека утакмицата почнува на полноќ, не треба да нагласуваме дека баш тие намирници се тотално забранети пред спиење. Е тука треба да настапите вие, драгите и грижливи партнерки.
Направете здрав и нутриционистички избалансиран оброк, како за партнерот така и за неговите другари. Еве неколку идеи.
Можете да им сервирате половина банана и 30 грама немасно сирење, или пченкарна тортиља, шољичка боровинки и 170 до 230 мл јогурт.
Со овие оброци тие ќе бидат сити до утрото, тврдат стручните лица.
Наместо пиво, препорачуваме чај од камилица бидејќи е познат дека релаксира. Предлагаме да сварите чај во поголеми количини, бидејќи една шоља чај не може да ја смали толку големата возбуда.
Доколку мажите не покажуваат благодарност за вашето внимание и грижа, не очајувајте. Испратете ги утакмицата да ја гледаат во “биртија”, а вие поканете ги другарките, и уживајте додека ги гледате згодните фудбалери на теренот. И не заборавајте да ги изнесете гајбите пиво што вашиот партнер претходно ги купил.
Се вели дека утрото е попаметно од вечерта, и тоа е идеално време да ги подмазните работите со главата на семејството. Подгответе му навивачка расолница, бидејќи сигурно ќе му треба за да го победи мамурлукот иако вечерта испил само “2 пива”, бидејќи бил пресреќен дека неговиот тим победил, или пак се разочарал од поразот.

You must be logged in to post a comment Login