Според психолозите, присетување на емоциите кои сте ги имале во текот на негативно искуство, како тага или непријатност, може да ве доведе до емоционален стрес, поточно доколку не можете да престанете за тоа да размислувате.
Тие советуваат да размислувате во контекст на тие сеќавања, а не околу тоа како сте се чувствувале, бидејки така многу полесно ќе ги пребродите негативните ефекти.
Истажувачите на институтот Бекман во Илиноис предводени со психологот Флорин Долкос проучувале бихејвиоерални и невролошки механизми за оттргнување на фокусот со емоции во текот на сеќавање и откриле дека размислувањето за тоа го намалило влијанието за чувствување.
Учесниците во студијата имале задача да споделат со истражувачите своите најнегативни и најпозитивни спомени. Неколку недели подоцна, добиле сугестија која била како активирање за сеќавањето на тоа случување, а една група имала задача да опишува што чувствува, додека другата група требала да ја опише случката во која се случил немилиот настан.
Користењето на оваа стратегија помага не само на здравото фокусирање. Туку и намалување на негативното влијание на несаканите спомени.

You must be logged in to post a comment Login