• Сподели на:

Како да направите домашен прашок за перење

___

Домаќинките кои се склони кон експериментирање можат самите да направат прашок за перење. По желба во него можат да додадат есенцијално масло чиј мирис најмногу го сакаат, но наша препорака е да се користи лаванда, која на алиштата им дава пријатен мирис на свежина.

Потребно е: 250 gr. или поголем филџан боракс, 250 gr. сода за перење (натриум карбонат), сапун за перење по желба, 1-2 капки есенцијално масло од лаванда.

Сапунот изрендајте го ситно и добро измешајте го со останатите состојки. Домашниот прашок спакувајте го во картонска или пластична кутија. За машина полна алишта користете 1-2 лажици од него. Прашокот речиси не прави пена, но одлично ги отстранува сите валканици од алиштата.

Рецепт за течен детергент за перење алишта

– Пере добро;

– Мириса убаво;

– Алиштата се меки;

– Нема потреба од посебно плакнење;

– Не предизвикува чешање на кожата; и најважно:

– Речиси не загадува, брзо се подготвува и евтин е.

Рецепт

Се работи за течно средство за перење кое се прави за 10 минути. Потребни состојки и начин на подготовка:

– 1 парче природен растителен сапун – ситно се сече;

– 3 литри врела вода (загреана на шпорет – не треба да врие) – во неа полека се додава исецканиот сапун и се меша, a кога ќе се стопи, се додава:

– 1 голема лажица сода бикарбона – повторно се меша за да се растопи.

Потоа, додека е уште топло, се претура во пластичен сад во кој има доволно место за да се меша комотно (од причини кои не ни се познати, ако се претури во стаклен или некој друг сад, средството се стврднува како камен). Садот се става на ладно место и повремено се меша за средството да не се стврдне премногу, а кога сосем ќе се излади, се додава:

– 20-30 капки етерично масло (мирис по желба) и тоа е сѐ!!!

Алиштата одлично се перат  (ако сакате да бидат помеки, можете да додадете некоја лажица оцет во водата за плакнење).


Оставете коментар

___