• Сподели на:

Како да исчистите загорени садови

___

Дури и на најискусните домаќинки често може да им се случи понекогаш да им загори храната им да остави отпорни запечени нечистотии кои на изглед неможат да ја отстранат. Без разлика дали е во прашање загорено млеко, сос или друга храна, ви претставуваме два начина за ефикасно чистење на загорени садови.

Во загорен сад да зовриете три прста на вода, во која е растворено малку прашак за пециво – и загорениот дел на садот на дното ќе се отстрани лесно. Кај садот со многу загорено се сипува и малку детергент и добро се трие со жица за чистење садови.

За вториот начин  на чистење на садот потребни ви се три лажици оцет, лажица сода бикарбона и две шолји вода. Во изгорениот сад истурете вода и додајте оцет. По тоа ставите на рингла и пуштете да зоврие. Тргнете го садот од ринглата и ставете сода бикарбона. Испразнете го садот и истријте го со грубата страна на сунѓерот. Ако нечистотијата е упорна, користете и жица за садови, а можете да додадете уште малку сода бикарбона.

Со прмена на овие совети ќе заштедите време на перење садови, а загорените нема повеќе да ви претставуваат ноќна мора.


Оставете коментар

___