Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____лајфстајл features

Изберете ги вистинските чевли според вашата градба

Многу одамна е познато дека за жените обувките никогаш не се доволни. Секогаш им недостасува барем уште еден пар. Некои жени повеќе сакаат високи потпетици, некои рамни, во главно поголемиот дел ги имаат своите најомилени во орман. Но важно е да знаете што одговара на вашата градба и затоа колку и да ви се допаднале високи штикли или ниски, не ги купувајте бидејки се тоа фрлени пари.

Платформи (ниски) – Обувките со платформа е идеална за девојките со силни нозе и широки зглобови бидејки визуелно ја продолжува ногата и тие во нив изгледаат по витки. Платформата е затоа одличен избор и за ниски жени.

Чевли со висока и тенка потпетица – Ова е идеален модел за високи и витки жени. Правилото е едноставно, ако сте тенк, така нека биде и вашата пета. Штиклите се одлични и за жени со тесни зглобови, но ако имате силни нозе би требало да избегнувате со тенки пети бидејки нозете ќе ви изгледаат уште погломазни.

Чевли со заоблен врв – Доколку сакате стапалото да ви изгледа пошироко би требало да се олучите за вакви чевли. Може да се во било која боја и со различна големина на потпетица, така да секоја може да пронајде нешто и за себе.

Чевли со тенки каишчиња – Каишчиња и тоа што е можно потенки се одличен избор за девојки со силни нозе. Целта е што помалку да ја затвори ногата. Ако имате тенки зглобови тогаш чевли со дебели каиши е правиот избор за вас бидејки ногата изгледа многу поубаво.

Чевли со украси – Малите стапала изгледаат поголеми во чевли со украси или отворени прсти. Ако ви е важно ногата да изгледа поголема, тогаш избегнувајте чевли со округол врв. Во склад со овие, девојките кои сакаат стапалата да им изгледаат помали, се советува да избегнуваат отворени чевли.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement