Ново истражување дојде до заклучок кој може да ве развесели. Според научниците, годините не значат ништо, тие се само бројка, а стари сте само онолку колку што се чуствувате стари.
Истражување објавено во магазинот “Population and Development Review” покажува дека возраста не ја означуваат само годините во животот. Нашата реална возраст не се само годините кои сме ги проживеале. Возраста содржи и карактеристики како што се здравјето, подвижност, конгнитивните функции.
Демографите традиционално се потпираат на хронолошката возраст во истражувањето на стареењето, но авторите на ова истражување кажуваат дека во дефинирањето на староста влегуваат и биолошки карактеристики.
Самата перцепција на возраста многу влијае на староста, а не само датумот на раѓање. Со оглед на тоа што денес населението е постаро од било кога, важно е да се разбере овој процес.
Просечната должина на животот во САД е 78,8 години, додека пред повеќе од 50 години, за мажите била 60, а за жените 70 години. До неодамна луѓето со 65 години се перцепирале како стари. Денес некој со 65 години е поблиску до 55 па дури и 45 години, во однос на важни аспекти на животот.

You must be logged in to post a comment Login