Мерлин Монро изгледа беше во право кога кажа дека плавушите подобро се забавуваат. Не само тоа, туку и непознатите луѓе кон нив се однесуваат пољубезно. Или барем таков е случајот со американската новинарка Џо Пиазо
Да знаела колку промената на бојата на косата ќе влијае американската новинарка Џо Пиазо ќе го направела тоа одамна. После триесет и нешто години, Џо во договор со фризерката, смеѓите прамени ги заменила со платинесто плави. И веднаш почнала да приметува промени во секојдневниот живот:
Продавачите во продавниците и нудат услуги на бесплатно носење на кесите до автомобил,
Таксистите почнале да и се насмевнуваат и започнуваат пријатни разговори,
Вработените на аеродромот и понудиле бесплатна пропусница за одмор во чекална од прва класа,
Портирот во деловната зграда во која работи веќе не приговара кога Џо ја заборава пропусницата за влез,
Келнерите во рестораните и даваат повеќе компирчиња во порцијата или и плаќаат десерти,
Барменот ја части бесплатно пиење,
Полицајците и „простуваат“ што вози пребрзо,
Исфрлувачите во ноќните клубови и дозволуваат влез без надокнада.
Во овој феномен спроведени се бројни студии, расправи и дебати, но никој со сигурност не потврдил дека луѓето навистина подобро се однесуваат према плавите девојки. Можеби е само прашање на индивидуална природа.

You must be logged in to post a comment Login