Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____лајфстајл features

Хороскопскиот знак го одредува вашиот стил

Овен

Дамите родени во знакот Овен имаат природно убаво лице па им се советува да посветат внимание на фризурата, која ќе ги нагласи цртите на лицето. Бидејќи девојките од овој знак се родени во елементот оган, ви препорачуваме црвени бои при избирање на облека и шминка.

Бик

Совет за изгледот на дамите родени во знакот Бик е да користат наутрални бои. ББ креми и руменило во боја на праска е совршен избор. Со обзир на тоа што со овој знак владее Венера, планетете на убавината, благословени сте со совршена кожа која треба максимално да ја чувате.

Близнаци

Близнаците обожаваат квалитетни парфеми, што всушност им е најважно. Бидејќи Близнаците значат и двојна личност, стилот кој ги каратеризира во шминкањето се светли и темни нијанси. Инаку, дамите родени во овој знак се познати по убавите раце и рамена па би требало да ги покажат.

Рак

Жените родени во знакот Рак би требало да ја нагласат својата женственост со светкави лосиони. Овие дами обично имаат одлични тела, која без разлика на градбата изгледаат совршено во секој фустан.

Лав

Симбол на убавината која го краси Лавот е нивната коса, па хороскопот ве советува да посветите посебно внимание на неа. Не се замарајте со тапирање. Сетете се само на Џенифер Лопез, која секогаш плени со нејзината прекрасна коса.

Девица

Бидејки девиците се помалку невини за разлика од другите знакови, тие тежнеат кој природен изглед. Тоа е добро, бидејќи понекогаш ви се сличува да претерате со пудра. Сепак, некогаш можете да се опуштите малку и да го разбудите вашето алтер его.

Вага

Вагите би требало повеќе да ги истакнуваат очите со квалитетни сенки и маскари. Многу даму родени во овој знак изгледаат доста младо, поради што би требало дополнително да посветат внимание на својата кожа.

Шкорпија

Шкорпиите секогаш заведуваат, ги краси мисериозност, која би требало да ја нагласат со  „smokey eyes“ стил. Инаку, шкорпиите се познати по своето убаво тело, па ги советуваме редовно да ја одржуваат формата, поради која мажите секогаш ќе трчаат по вас.

Стрелец

Дамите родени во знак Стрелец можат да носат апсолутно секаков стил, затоа најдобар совет за нив е секогаш да експериментираат, кога е во прашање нивната појава. Јаките и летни бои на облеката и шминката ќе ја нагласат вашата слобода и неспремност за да се задоволите.

Јарец

Припадничките од понежниот пол родени во знакот Јарец ги краси необјаснива харизма, која им дозволува да си играат со различни стилови и техники. Сепак, општо е познато,дека обожаваат добри обувки па слободно додадете некои интересни бои за следниот пар.

Водолија

Жените редени во знакот Водолија тежнеат кон природен изглед. Иако не сакаат претерана шминка, тие сакаат да експериментираат кога е во прашање нивната појава. Не се плашете да додадете малку боја на вашето преубаво лице.

Риби

Рибите ги советуваме, да погледнат во својата креативна страна и вклучуваат јаки бои во својата шминка. Инаку, постои силна врска помеѓу рибите и средените нокти, поради што припадничките на овој знак со шминката, посветуваат многу внимание и на ноктите.

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...