Што кажува хороскопот, како да го освоите мажот во зависност од неговиот хороскопски знак.
Овен
Ако на вас ви паднал во око темпераментниот Овен, покажете му дека сакате предизвик и возбудување. Споменете му дека ве занимаваат машките работи во стилот на воени техники или брзо возење со глисер и веќе сте на пола пат до неговото срце. Пофалете се дека сакате да гледате патописи и документарни филмови за дивите и неистражени предели. Прилагодете се на неговите неретко егоцентрични барања и ќе го имате клучот за неговата душа.
Бик
Бикот е хедониста кој не може да живее без удобност и топлината на домот. Доколку примети дека сте фамилијарен тип и дека идилата поважна од друштвото, нема да остане рамнодушен, а како голем гурман, спомнувајте му ги своите кулинарски способности.Започнете разговор за уметноста, слики,изложби бидејки Бикот сака се што му годи на неговите уши. Сепак најслатка е секако темата за пари и материјални работи, па ќе се пофали со своите планови за кој бара животен сопатник.
Близнаци
Дискутирајте со нив за се и сешто, образованието, спортот, бидејки во се бараат назнака за хумор и иронија, па дури и кога се работи за сериозни работи. Го сака светот на филмот, театар, телевизија па разговорот на таа тема посебно ќе го забавува. Најсреќен е кога се забавува и ги развеселува другите и кога е таму каде што нешто се случува. Го занимаваат сите теми за друштвени собиранки и партнерката која е во се добро упатена.
Рак
Доколку го истакнете патриотскиот дух и ја нагласите својата поврзаност за фамилијарните корени, Ракот сака разговор кој ја опфаќа темата за домот и фамилијарните работи. Покажете ја својата љубов за куќата и животните, а во прошетка со него радувајте се на други деца и кажете како би сакале да имате големо семејство. Обожава историја и стара култура, свртен е спрема минатото, па самиот спомен на старите добри времиња ќе му даде материјал за разговор и зближување.
Лав
Доколку сакате да го добиете вниманието од Лавот, ќе мора да покажете дека сте на висина на неговите желби во друштвото и телесната смисла. Прикажете сека сте успешни на професионален план, самностални и солидно материјално потковани. Наскоро спонтанно ќе ги открие своите високи амбиции и во вас ќе види жена достојна за своето внимание. Бринете се за вашиот изглед и пофалете се како во моментот сте излегле од теретана или козметички салон и секој типичен Лав ќе загризе. Во брзо време би можел да ве повика кај себе да ја видите неговата мала домашна теретана.
Девица
Ако барате формула за привлекување на мажи кои се Девица, тогаш преобразете се во педантна, реална и работна особа. Наведете го на разговор за работата бидејки тоа е неисцрпна тема. Сака да биде здрав по секоја цена, па вашата куќна литература за нега на тлото и духот напросто ќе го одушеви. Свртете на темата за јадење, нагласете дека сакате да водите сметка за калориите и дека преферирате само здрава храна.
Вага
Ако се покажете екстравагантна жена која во друштвениот живот ужива во потполност, големи се шансите да ја заинтригирате машката Вага. Можете да покажете дека сте културно ориентирани и тој да покаже голем интерес за вас. Повеќе оди на сите оние места на кои убавината се спојува со стилот и добриот вкус, па кажете му дека посетувате музеи, изложби и концерти. Ги сака сите теми врзани за мода и убавина, нежност и разбирање за сите негови потреби.
Шкорпија
Шкорпијата ја интересира се што е нејасно, интригантни и тајновито, што го прави страствен љубител на хорор филмови, криминалистички романи и детективски приказни. Најмногу сака да разговара за политика и злочин и ги прати сите политички случувања во светот. Ќе го оборите од нога доколку му кажете дека сте преплатени на неколку еротски списаниа или дека во својата домашна видеотека имате неколку еротски филмови. Сексот му е главната преокупација и за таа тема може да разговара со саати.
Стрелец
Привлечете го со со зборовите “во здраво тело здрав дух”, па доколку вашиот Стрелец трча или игра тенис, пофалете се со слични активности. На сред разговор кажете му дека брзате дома да гледате натпревар и дека ќе се видите подоцна. Веројатно ќе ви се јави за половина час да разговара со вас за резултатот. Нагласете дека обожавате патувања и егзотични земји и дека со задоволство би се упатиле на сафари или да возите Carmel Trophy.
Јарец
Покажете интерес за работата кој тоја ја работи и оставете слика на штедлива особа која знае да вложува во својата иднина. Разговарајте за вашата работа и примањата, недвижности, осигурување што ќе ја прати со нескриено задоволство. Јарецот е упатен во скоро се, па тоа ќе го очекува и од вас. Изнесете ги своите стравови за озонската дупка и несигурноста на светот во кој живееме и во вас ќе гледа сродна душа.
Водолија
Се што е авангардно и што предизвикува љубопитност кај Водолијата, започнете тема за животот на другите планети и коментари за црни дупки. Пофалете се дека обожавате научна фантастика. Бидете уверени дека ќе се понуди да гледате заедно. Правете се дека вас ве интересира светот на информатиката, но дека сте почетник.Тој целиот среќен ќе дојде до вас да ви го пренесе целото знаење.
Риби
Ќе го привлечете доколку му покажете дека се разбирате за класична музика и дека ја негувате љубовта во уметноста. Тој обожава уметност и поезија, музика и танц, па секоја тема со омилена пејачка или група со вас може да разговара со денови. Искажете грижа за напуштените животни бидејки тој сигурно има некој миленик дома. Се грижи за здравјето и исто така тоа му е омилена тема. Го сака и морето, крстарењето, религијата но и светот на паранормалното.

You must be logged in to post a comment Login