Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____лајфстајл features

Грешки кои најчесто ги правиме кога го чистиме тоалетот

Чистењето на тоалетот е за многумина права ноќна мора. Иако добро сме упатени во оваа работа, тоа не значи дека не правиме грешки. Прочитајте кои се најчестите грешки кој ги правиме додека го чистиме тоалетот.

Не проветрување на тоалетот

Имате вентилација, а слабо ја користите? Би било добро да ја уклучите пред туширање и да ја оставите уклучена уште 15 минути после користење на тоалетот, за влагата да се донесе на минимум, а со тоа да не создаде и мувла.

Доколку немате вентилатор, а во тоалетот постои прозор, секако отворете го за влагата да излезе надвор. Ако немате ништо од наведеното, можете да користите крпа за стакло со која ќе ја соберете целата течност од плочките и туш кабината после туширањето.

Еден производ за се

Чистите ли со едно средство за чистење на сите површини во тоалетот? Тие нема да бидат изчистени еднакво добро. Затоа нека не ве чудат траговите на стаклото ако сте ги чистеле со специјализирано сретство за чистење на тушот и плочките. Стаклените површини и огледалото треба да ги чистите со средство наменето за прозори.

Ги чистите само видливите делови од тоалетот

Доколку ги чистите само највидливите делови на WC школката, тогаш не можете да помислите колкава војска на бактерии се собрани на долниот дел од школката, долниот дел на даската или на казанчето. Обавезно изчистете ги овие места.

Дали добро ја изцедивте четката за WC школката?

Откако ќе ја користиме четката за WC школката, ја ставаме во делот каде мократа четка се цеди и каде се собираат бројни бактерии и други микроорганизми. Би било добро четката добро да ја протресеме пред да ја ставиме на местото од каде сме ја земале кога била сува. Исто така препорачуваме да ја дезинфицираме со некое антибактериско средсво, добро да ја измиеме и да ја исушиме.

Ситни работи кои обично ги занемаруваме

Често ги занемаруваме оние работи како полици, тушот, рачките или пак прекинувачите за светло кои секојдневно ги допираме. И нив би требало да ги изчистиме. Некои предмети, како чашката за четки и пасти за заби или полицата на која ги чуваме козметичките производи можеме повремено да ги изчистиме.

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...