Еве неколку упатства што треба да направите за да го пронајдете својот миленик.
Очаен сопственик 12 дена не можел да го најде своето куче на терен обраснат со густа шума, а му помогнале ловците кој ги сретнал за време на потрагата.
Сопственикот треба да земе парче облека која ја носел претходниот ден, што е можно повеќе, за да може да поприми од неговиот мирис. Парчете облека донесете го до местото каде вашиот миленик последен пат е виден и таму оставете го.
Ако кучето има транспортер, омилена играчка, можете да го оставите и тоа, со писмена молба до луѓето кои поминуваат, да не ги тргаат и фрлаат предметите. Оставете и чинија со вода, но не и храна бидејки може да привлече животни од кои кучето ќе избега.
Вратeте се следниот ден, а ако можете, проверувајте го местото два пати на ден.
‘’Бев скептичен и се сомневав дека моето куче ќе успее да го пронајде и препознае парчето облека кое му го оставив ако притоа не ме слушна како викам по него најгласно што можам полни 12 дена. Меѓутоа, кога дојдов да проверам следниот ден, седеше покрај своите работи, кои ги оставив. Се надевам дека ова ќе им помогне на оние кои го изгубиле својот пријател’’, изјави сопственикот на изгубеното куче

You must be logged in to post a comment Login