Владеењето на различни планети влијае на здравствената состојба на секој хороскопски знак, па така Ракот има проблеми со варењето на храната, Водолијата со срцето, а Бикот со ушите.
Овен
Овенот е склон кон претерано размислување и анализа, па затоа најмногу го мачат болести кои се поврзани со главата. Најчесто има проблеми со главоболка, го мачи крцкање со забите, а често грижи му претставуваат црвенила и осип на лицето.
Бик
Со Бикот владее Венера која го контролира грлото и работата на вилицата и влијае на производство на инсулин. Припадниците на овој знак најмногу го мачат воспалено грло, тироидна жлезда и вкочанетост на вратот, а често имаат проблем со инфекции и воспаление на увото.
Близнаци
Со знакот Близнак владее Меркур, кој го контролира системот за дишење и мускулите. Близнаците се постојано во движење, па се склони на воспаление на тетивата, а најмногу проблеми им нанесува хроничната кашлица, честите настинки, бронхитис и болки во рамената. Треба да избегнуваат пишење и движење во задимени простории.
Рак
Емотивниот Рак е многу чувствителен на своите и проблемите на другите, па е склон на дигестивни проблеми и болки во стомакот. Неговата тага и гнев се поврзува со неправилно варење и зголемен гастричен рефлукс.
Лав
Кај Лавот најмногу стрес предизвикуваат проблемите со срцето и циркулацијата и болките во грбот. Токму поради тоа припадниците на овој знак треба да внимаваат на холестеролот.
Девица
Исто како Близнаците, Меркур владее и со Девицата. Тој го контролира системот за варење, па кај Девиците чести се чиреви во желудникот, алергии на храна, болка во стомакот и запек.
Вага
Припадниците на овој знак се склони кон неразумно јадење и пиење, па ги мачи премногу често мокрење, камења во бубрегот и неправилна функција на бубрезите кои можат да предизвикаат анемија.
Шкорпија
Негативните емоции и песимизам кои се карактеристични за Шкорпијата можат да влијаат на нејзиното здравје, особено во либидото, работата на мочниот меур и бубрезите.
Стрелец
Кај Стрелците, црниот дроб и половината се слаба точка.
Јарец
Упорниот Јарец мака мачи со слаби коски, болки во колената, забите и зглобовите. Припадниците на овој знак се склони на артритис и остеопороза, а повредите се нивниот секојдневен живот.
Водолија
Зафатената Водолија никогаш нема време за опуштање што влијае на нејзиното здравје. Припадниците на овој знак се склони кон артритис, имаат проблем со срцето и потечени лимфни јазли, проширени вени, астма и алергии.
Риби
Кај чувтвителните Риби емоциите имаат главен збор што многу влијае на нивниот имунитет. Колку полошо се чувствуваат, толку повеќе страда нивниот имунитет, па се подложни на различни болести, а најмногу ги мачат болки и инфекции на нозете.

You must be logged in to post a comment Login