• Сподели на:

Доколку би можела да го започнам животот повторно…

___

Доколку би го започнала животот повторно…

Би си дозволила повеќе да грешам следниот пат.

Би живеела поспокојно.

Би постапувала по глупаво.

Би земала сериозно помалку нешта.

Би се потпирала повеќе на среќа.

Би патувала повеќе.

Би искачувала повеќе планини и би препливала повеќе реки.

Би јадела повеќе сладолед, а помалку грав.

Можеби би имала повеќе вистински проблеми, но помалку имагинарни.

Сигурно сте сватиле дека сум од луќето кои живеат разумно и здраво – ден за ден, час по час.

Да, сум ги доживеала своите ѕвездени моменти.

Ако можев да живеам повторно, би искусила повеќе такви моменти.

Всушност, би се обидела да нема ништо друго. Само моменти.

Еден по друг, наместо да изживеам толку многу години ден по ден.

Ако можев да живеам повтроно, би одела боса од рана пролет до доцна есен.

Би танцувала повеќе.


Оставете коментар

___