• Сподели на:

До 2050 може да останеме без кафе, чоколадо и пиво

___

Климатските промени имаат последици и на земјоделството, а со тоа и на намирниците кои ги користиме секојдневно.

Кога станува збор за глобално затоплување, во главно се мисли на топење на глечерите, пораст на нивото на морето, природни катастрофи и покачување на темпертаурата. Но климатските промени имаат и последици и на земјоделството а со тоа и на самите намирници кои секојдневно ги користиме.

Некои од намирниците може да исчезнат до 2050 година, пишува Хафингтон пост.

kafa-1366702112-300987

На пример кафето, кое потекнува од деловите околу екваторот, зона во која температурата расте побрзо одколку на други места. Стеблото на кафето арабика кое сочинува дури 75 проценти од светското прозиводство на кафе, е многу осетливо на габите hemileia vastatrix, која предизвикува труење на растенијата, климатските промени се главен причинител за ширење на оваа болест.

Се предвидува дека кафето од Никарагва и Мексико ќе исчезне во наредните неколку декади.

Светот би можал да остане и без чоколадо. Имено 70 проценти од какаото се произведува во западна Африка, каде температурата ќе се покачи во просек за 2,3 степени до 2050 година. Цената на какаото би можела да експлодира, а коцките на ова прекрасно задоволство може да преминат во чист луксуз.

cokolada-foto-shutterstock-1395063297-463679

Глобалното затоплување ги погодува и винариите. Француските винарии веќе ги приметуваат промените: гроздовите зреат порано и содржат повеќе шеќер а помалку киселина. Доколку овој тренд продолжи, винариите може да станат технолошки вишок.

Ладните зими се предуслов за добри јаболка. Преблага зима има последица за плодовите и слаба берба. Истото важи и за праските, сливите, кајсиите и крушките.

Без вода нема живот. Тоа добро го знаеме, а ништо не ни гарантира дека ќе ја имаме и понатаму со оглед на брзината со која се топат глечерите. Според некои истражувања, една третина од САД до средина на векот, ќе останат вез вода.

А уште еден пијалок, кој е омилен помеѓу машката популација, може да исчезне. Една од основните состојки на индустријата за пиво е на удар од климатските промени – хмељ, кој нема да ги преживее покачувањата на температурата.

pivo-1391448879-439433

Доколку продолжиме со овој начин на живеење, и не превземеме нешто околу глобалното затоплувње, светот ќе остане и без бананите. Земјоделците од Костарика сметаат дека загревањето на планетата е главен виновник за неконтролираното размножување на факторите кои ја уништуваат оваа култура.


Оставете коментар

___