Се кажува дека книгата е најдобар пријател на човекот. Во тој случај, можеби не е необично што луѓето за одредени наслови се спремни да одвојат и милионски суми на пари. Ова се десете најскапи книги на светот.
10. Вилијам Блејк, The First Book of Urizen – 2.5 милиони долари
Првото издание на оваа книга се појавило во 1794 година и претставува прво пророчко дело на овој англиски книжевник. Познато е дека постоја само 8 примероци од оваа книга.
9. Џоан К. Роулинг, The Tales of Beedle the Bard – 3.8 милиони долари
Авторката на Хари Потер создала седум оригинални копии од оваа книга, кои се напишани рачно и кои сама ги илустрирала. Шест примероци се поклонети на пријатели и издавачи, додека седмиот примерок е продаден на аукција за неверојатни 3.8 милиони долари, кои се донирани во добротворни цели.
8. Клаудија Птоломеј, Geographia Cosmographia – 4 милиони долари
Оваа книга од 1477 година е првиот печатен атлас на светот, како и прва книга со графирани илустрации. Продадена е на аукција во 2006 година.
7. Хенри Луис Духамел де Монак, Traite des arbres fruitiers – 4.5 милиони долари.
Оваа книга е дефинитвно најскапата книга со овошје на светот. Се состои од пет томоби со неверојатно богати илустрации на овошје.
6. Гутенберговата Библија – 4.9 милиони долари
Само 48 примероци од ова историско издание пстојат на светот, а еден од нив е продаден во 1987 година за рекорни 4.9 милиони долари.
5. Вилијам Шекспир, First Folio – 6 милиони долари
Првобитната цена на оваа книга била само една фунта, за денес добро сочуван примерок, од кои ги има само 280 од оригиналните 750 да достигнува рекордни цени.
4. Џефри Чосер, The Canterbury Tales – 7.5 милиони долари
Ова издание од 15 век е единствено познато сочувано издание, кое што некогашнито сопственик го продал за 7.5 милиони долари а го купил за само шест фунти.
3. Џејмс Одубон, Birds of America – 11.5 милиони долари
Околу 115 примероци од ова неверојатно издание со богаи илустрации на прици постои на светот и на аукциите секогаш достигнуваат рекордни цени.
2. Редот на Светиот Бенедикт, The Gospels of Henry the Lion – 11.7 милиони долари
Нарачана од страна на Хенри Лавот, војводата од Саксонија, за олтарот на Дева Марија во катедралата во Брунсвик, ова дело на аукција во 1983 година го купила владата на Германија за неверојатни 11.7 милиони долари.
1. Леонардно да Винчи, The Codex Leicester – 30.8 милиони долари
Најпознатото дело на да Винчи, бележник од 72 страни, преполн со илустрации кои со рака ги цртал еден од најпознатите уметници и пронаоѓачи на сите времиња.











You must be logged in to post a comment Login