• Сподели на:

Дали стресот е заразен?

___

Дали некогаш сте се запрашале зашто некој од друштвото шири негативна енергија? Дали нивната нервоза може да се пренесе и на вас?

Сите сме слушнале за пасивно пушење. Мака која ја имаат сите непушачи. Но дали сте слушнале за пасивен стрес? Дали ви се случува често да дојдете дома нервозни без никаква причина? Се е тоа поради личности во вашата околина кои биле под стрес, а тоа се пренело на вас.

Замислете ситуација, седите дома, удобно, и ви пристига мејл кој ќе ве изнервира, или вашата другарка ви зборува за бившиот дечко и скандалот кој го направил. Иако ви се чини дека ништо од тоа не влијае директно на вас, осеќате како ви се качува притисокот или срцето забрзано ви чука, баш како вас да ви се случило нешто.

stres_2_by_inutilll-d4rxdlk

До тоа доаѓа поради тоа што сочуствуваме со другите луѓе, што е природна реакција на секој од нас. Научниците утврдиле дека тоа е поради мозочните ќелии кои ги фаќаат сигналите на стрес.

Откриле дека и емотивниот стрес им штети на жените, влијае на нивните крвни садови, поради што може да дојде до срцев напад или други здравствени проблеми.

За жал, вакцина против пасивниот стрес не постои, но постојат начини кои ви помагаат да се изборите со негативната енергија од вашето окружување.

benefits-of-meditation3

Еве три начини на кои можете да се изборите со нив:

Дистанцирајте се

Одвојте време за себе, исклучете го телефонот, мејловите и одалечете се од се што може да ви донесе додатен стрес. Ако некои од луѓето не можете да ги одбегнете, пробајте да им помогнете и да им укажете на видливите проблеми. Посоветувајте ги најдобро што можете, но немојте да се внесувате премногу.

Пронајдете го вистинскиот причинител на стресот

Ако поголемиот дел од времето го поминувате со луѓет кои се под хроничен стрес и не успеваат да најдат решение за да не им пречат на другите со тоа, отргнете се од нив. Таквите луѓе ќе ве влечат кон дното. Важно е да не поминувате премногу време со такви луѓе, оние кои нон стоп зборат за себе и за своите проблеми а на вас не ви нудат никаква подршка.

Работете на својата заштита

Ако член на вашето семејство, колега или уште полошо, вашиот шеф, се хронично под стрес, а знаете дека не можете туку така да се отргнете од нивната околина, најдете начин да се заштитите. За тоа вам ви се потребни само неколку минути. Вдишете неколку пати длабоко или слушајте опуштена музика, и разберете дека нивните проблеми немаат никаква врска со вас, и тоа ќе ви помогне да го намалите влијанието на стресот.


Оставете коментар

___