• Сподели на:

Дали сметате дека не е кул да се биде среќен?

___

Верувале или не, одредени култури го избегнуваат чувството на среќа само затоа што веруваат дека оваа емоција ќе им донесе баксуз или едноставно затоа што да се биде среќен не е модерно.

  parovi

Милиони луѓе на планетата свесно ја избегнуваат среќната емоција, бидејќи се водат според суеверието дека, ако се препуштат на таквите убави чувства, тоа автоматски ќе предизвика нешто погубно за нив. Тие знаат дека „после дождот секогаш доаѓа сонце“, но и обратно

 Sreca011-670x476

Новозеландски психолози откриле дека многумина не сакаат да уживаат во моментот бидејќи се плашат дека тоа ќе ги доведе до несреќа и други поразителни последици.

 Sreca006-670x445

Исто така, во западните и источните култури, некои ја избегнуваат среќата бидејќи сметаат дека оваа состојба ќе ги направи полоши личности и дека другите би можеле да ги доживеат како себични, досадни или „плитки“, односно дека не се доволно „кул“.

 Sreca015-670x444

Во незападните култури, како на пример Иран и соседните земји, стравуваат дека нивните пријатели, „урочливо око“ или нешто сосема трето ќе им замери на среќата и дека на крајот ќе бидат соочени со тешки последици поради кои ќе страдаат.

 raspolozenje001

Во Америка  пак, од друга страна, се зема здраво за готово дека среќата е една од најголемите животни вредности, а општо гледано западните земји ги движи потребата за зголемување на среќата и намалување на тагата

 vino002

Психолозите д-р.Мохсен Јошнало и д-р. Дан Вејерс велат дека луѓето од голем број култури имаат тенденција да ја одбегнуваат среќата од различни причини. Тие додаваат и дека е вистински културен феномен тоа што на некои поединци среќата не им е примарна вредност.

Научниците велат дека одбегнувањето на среќата постои во сите култури, но повеќе е ценета на Западот, додека во незападните култури идеалите за хармонија и складност често се во конфликт со потрагата за лична среќа и афирмација на индивидуалните вредности.

На пример, во источна Азија веруваат дека е непримерно да се изразува среќата во бројни друштвени ситуации, а слично на тоа, Јапонците се помалку склони да уживаат во позитивни емоции од Американците.


Оставете коментар

___