Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____лајфстајл features

Да ми се оние години, а овој памет…

Кога имаме 20 години, полни сме со енергија, идеал и вера дека е светла иднината пред нас. Во триесетите обично доаѓа разочарување, но не секогаш мора да биде така. Постарите дами откриле што би сакале да знаеле кога биле во своите дваесетти години.

Не се споредувајте себе со другите – Животот не е натпревар, па не е ни важно дали вашата пријателка има позгоден дечко, поквалитетна гардероба или подобар успех на факултет. Слушнете се себе и правете она што на вас ви е драго.

Бидете трпеливи – Сте завршиле со школување и веќе ве фаќа паника што понатаму? Мислите дека морате веднаш да одлучите што сакате во животот? Само трпеливо и опуштено, немојте да си правите самите на себе непотребен притисок, имате доволно време.

Ризикувајте – Направете нешто лудо, дали е тоа патување низ Европа со ранец на грббот или банџи скок. Како годините поминуваат, шансите се се помали за вакви авантури, а уште потешко кога ќе добиете деца.

Самодоверба – Дваесетите се време на преиспитување. Дали сме доволно убави, згодни, паметни, шармантни, успешни? Уживајте во младоста и не се оптоварувајте со вакви прашања.

Животот не е праведен – Вредни сте, амбициозни, добри а сепак не ви оди најдобро? Наместо да се жалите како Калимеро “Тоа е неправедно”, спремете се за неочекувани и не секогаш фер настани.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement