Берлин стана првиот град во светот кој доби свој сопствен интернет домен, па компаниите и поединците во престолнината на Германија сега можат да регистрираат интернет адреса, која ќе завршува на .berlin, наместо досегашните .com, .org или националниот .de.
Веб страна со адреса која завршува со .berlin чини околу 50 евра годишно.
Градоначалникот на Берлин, Клаус Воверејт кажал дека тоа дава можност, дигитално да се истакне дека Берлин е место каде што некој живее или ги базира своите бизнис активности.
Претставникот на компанијата “.berlin” Дирк Кришеновски, додал дека ова создава поголем простор за разновидност, идеи и доделување на имиња.
Неколку десетици поголеми градови се веќе во процес да добијат свој интернет домен како што се .paris, .nyc, .london, .roma.
Исто така во план е и другите Германски градови како што се Хамбург и Келн да добијат свои интернет домени.


You must be logged in to post a comment Login