• Сподели на:

Ако немате многу време или пари: Ова Фенг шуи е за вас!

___

Ако немате многу време или пари: Ова Фенг шуи е за вас!

Со малку напор и не премногу пари, Фенг шуи може да биде прифатлив и лесен начин , во домот да внесете малку живост и позитивна енергија

Внесете удобност и виталност во вашиот дом со неколку економски и практични идеи. Овие едноставни Фенг шуи чекори ќе ви помогнат да внесете искра во секоја соба од вашиот дом, да ги инспирирате со мир и хармонија, а исто така да се одржи негативна енергија подалеку од вас.

Feng Shui 13.03_5

1. Немојте да го поставите огледалото директно од спротивната страна на влезната врата

Дефинитивно звучи како добра идеја да имате големо огледало точно пред влезната врата за во брзање да бидете во можност погледнете наоколу пред напуштањето на куќата. Сепак, дали знаевте дека локацијата на огледалото има влијание на привлекувањето или одбивањето на позитивната енергија во вашиот дом?

Не поставувајте го огледалото право од влезната врата. Според фенг шуи филозофијата, огледалото во оваа позиција целата позитивна енергија која доаѓа од надвор ја враќа назад. Исто така, огледалата можат да создадат илузија на поголем простор, па користете ги мудро – обидете се да ги поставите до вратата, во ходникот малку подалеку од влезот.

Feng Shui 13.03_2

2. Спалната соба треба да биде мека и романтична

Спалната соба е рајот за спиење и таа треба да биде место за одмор и релаксација. Значи, без лаптоп, електронски уреди, нешто што може да го наруши мирот на Вашиот ум. Огледалата треба да се чуваат подалеку од креветот, како енергијата не би била превземена од “набљудувачи” или “несакани гости” во собата. Сликите треба да бидат само со убави симболи, цвеќиња, природа, нешто што ја симболизира убавината, спокојноста и љубовта. Кога станува збор за фотографии, на нив треба да бидете само вие и луѓето што живеат со вас, на нив нема место за странци, роднини, пријатели.

 Feng Shui 13.03_3

3. Обојте ги вратите

Страната кон која е свртено лицето на вашата врата (исток, запад, север или југ), диктира  кој е доминантниот елемент на влезот. Затоа, со вистински избор на материјал и боја на влезната врата, во согласност со насоката кон која е свртена, ќе ја привлечете позитивната енергија во вашиот дом.

Ако вашата врата е свртена кон:

Јужна страна – се согласува со елементот оган, а тоа се топли бои, како црвената и портокаловата(сите нивни нијанси) се вистински избор.

Северна страна- се согласува со елементите метал / вода. Најдобрите бои за вас се сина, црна, бела, сива боја.

Источна страна – се согласува со елементите дрво / вода. Вистинските бои за вас се зелени или кафеави, сиви или црни, жолти или било која боја од глина.

Западна страна- се согласува со елементи метал / земја. Најдобрите бои за вас се бели, црни, светло жолта, или било кои Земјени тонови.

 Feng Shui 13.03_4

4. Цвеќиња, цвеќиња, цвеќиња?

Нема ништо поефикасно во привлекувањето на позитивната енергија и виталноста во вашиот дом од растенијата. Со нив не може да згрешите, па бидете креативни и поиграјте се своите саксиски пријатели. Бамбус и кактусот се секогаш одличен избор.

Не заборавајте да ги отстраните сувото и овенато цвеќе, и заменете го со свежо. Според фенг шуи филозофијата мртвите цвеќиња ја симболизираат мртвата љубов…

Со малку напор и не премногу пари, Фенг шуи решенијата можат да биде прифатлив и атрактивен начин за во куќата да внесете виталност и позитивна енергија.

Feng Shui 13.03_6


Оставете коментар

___