Скоро 30 години, Nike и „воздухот“ се нераздвојни. Дознајте како настана ова култно парче спортска облека, кое е многу популарно во светот на модата.
Nike и љубителите на спортската опрема што оваа позната компанија ги произведува, прославија 27 години од почетокот на производството на револуционерната Nike линија – патиките Air Max. На 26-ти март 1987 година, моделот Air Max 1 го покажува дотогаш невидливиот дел од патиката и со воведување на проѕирен, воздушест ѓон, внесува новитет во производството на патиките, кој трае и до ден денес. Од тој ден поминаа 27 години, а присуството на Air Max значително се зголеми и тие станаа модна икона во светот на обувките.
Скоро 30 години Nike и „воздухот“ се неразделни партнери. Иако официјалниот почеток на Air Max револуцијата датира од 26-ти март 1987 година, интересно е дека нејзиното патешествие почнува десет години порано, кога аеро-инженерот Френк Руди дошол до генијална идеја. Во светското седиште на компанијата Nike тој го донел прототипот на патиките за трчање со воздушестиот ѓон… Останатото е историја.
Познатите спортисти ширум светот го одбележаа денот на Air Max патиките на пригоден начин.



You must be logged in to post a comment Login