Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____лајфстајл features

9 ситници кои секоја жена треба да ги има во својата чанта

Ако сакате да бидете подготвени на сè, тогаш вашата чанта сигурно е многу повеќе од моден детал во кој ги носите парите, клучевите и телефонот. Без разлика дали во неа носите половина од куќата или само она што ви е неопходно, постојат одредени работи кои секој ажена мора да ги има во својата чанта. Погледнете што би требало да имате со себе во секој момент.

 

Карминот е задолжителен во секоја дамска чанта

 

1) КАРМИН

 

Она што секоја жена го знае е дека малку кармин може потполно да го смени расположението, особено ако со себе секогаш имате кармин во омилената нијанса. Ако изгледате добро, добро и се чувствувате. Кармините се идеални ако немате доволно време комплетно да се нашминкате, бидејќи го освежуваат лицето и со помош на малку маскара, ќе бидат доволни за да изгледате одлично цел ден.

 

2) АНТИСПЕТИК ЗА РАЦЕ

 

Колку пати дневно влегувате во продавница и се фаќате за корпата која ја користеле многумина пред вас, а никогаш не биле избришани после тоа? Колку пати денес сте броеле пари или сте се поздравиле со некого? Поради овие, а и поради многу други причини, би било добро во својата чанта секогаш да имате антиспетик за раце, бидејќи на тој начин ќе го спречите ширењето на бактерии.

 

3) ТАМПОНИ ИЛИ ВЛОШКИ

 

Бидејќи повеќето од жените никогаш не можат со сигурност да знаат во кој момент ќе добијат менструација, најдобро е секогаш да бидете дискретно подготвени. Затоа секогаш носете во чантата тампон или влошка.

 

4) ВЛАЖНИ МАРАМЧИЊА

 

Никогаш не се знае во која ситуација ќе ви притреба влажно марамче, кое навистина знае да биде многу практично. Затоа, наместо да го чекате моментот кога ќе ви затреба, подобро секогаш носете со себе пакетче влажни марамчиња.

 

5) АСПИРИН И АНАЛГЕТИЦИ

 

Колку пати, додека сте биле надвор од дома, ви се случило да добиете главоболка? Тоа сигурно ви се случило неколку пати, а колку пати во тој момент сте помислиле дека би било добро да имате со себе аспирин? Било каква и да е болката, никогаш не знаете кога ќе ви се случи, па најдобро би било секогаш со себе да имате аспирин или некој анелгетик.

 

Чантата е многу повеќе од моден детал

 

6) ПЕНКАЛО

 

Сигурно често ви се случувало да мора да запишете нешто и единствено што ви е при рака е црно моливче за очи. Затоа, секокаш во својата чанта носете пенкало, бидејќи никогаш не се знае што ќе треба да запишете, пополните или потпишете.

 

7) ВАЖНИ ТЕЛЕФОНСКИ БРОЕВИ

 

Никогаш не се знае што може да ви се случи кога сте надвор од дома, затоа е добро во чантата секогаш да имате ливче на кое ќе ги имате запишано своето име и презиме и контакт телефон од лицето кое некој може да го контактира кога вам ќе ви се случи нешто.

 

 

Секогаш имајте кеш со себе

 

8) КЕШ

 

Постојат бројни ситуации во кои ќе ви затреба кеш. Картичката не е секогаш решение, затоа потрудете се секогаш со себе да имате книжни пари.

 

9) ЗАПАЛКА ИЛИ КИРБИТ

 

Иако не сте пушач, запалката е уште една од работите кои би требало да ги имате во својата чанта.

 

Никогаш не се знае кога ќе треба да го отстраните конецот од облеката или да запалите свеќа.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement