Живеете во изнајмен стан и сакате промена, но ви се врзани рацете? Доколку сопственикот ве гледа попреку кога ќе му спомнете уредување на станот, решението е во ситниците кои вашиот простор ќе го претворат во попријатен за живот, а не бара големи преуредувања.
Огледала
Доколку сте во мал стан, просторот визуелно можете да го зголемите со огледала. Со добра украсна рамка, влијаете и на изгледот на самиот ѕид и просторија, а кога повторно ќе посакате промена – огледалата лесно можете да ги преместите од едно на друго место.
Помалку е повеќе
Во мал простор, секогаш држете се до златното правило, помалку е повеќе. Ако претерате со деталите и предметите, ќе создадете клаустрофобичен простор во кој нема да се опуштите. Пазете и на ѕидовите. Наместо повеќе мали слики, подобро е една голема. Со тоа ќе создадете впечаток на поголем простор а и сликата ќе дојде до израз.
Светла боја на ѕидови
Ако имате помалку сончева светлина, ѕидовите обојте ги со светла боја бидејќи помала количина на природна светлина подобро ќе се рефлектира. На тој начин ќе создадете простран, светол и опуштен амбиент.
Налепници за ѕид
Ако сте во ситуација да не ви е дозволено кречење, одличен и ефтин избор се декоративните налпници за ѕид. Лесно се поставуваат и уште полесно се вадат и не оставаат траги.
Детали во боја
Внесете свежина во својот живот преку занимливи детали. Старите плакати или црно бели фотографии во рамки со живи бои. Досадните завеси заменете ги со платнени со принт по желба. Ако имате стар тросед, освежете го со украсни перници и прекривка во жива боја.
Светло
Покрај тоа што е функционално, тоа може да биде и декоративно. Ако имате стари ружни лустери заменете ги со нови, но секако зачувајте ги старите, за да ги вратите кога ќе се селите. Уште едно решение се столни и подни ламби. Освен што можат да бидат декоративни, даваат пријатна светлина.
Самолеплива фолија
Ако ве нервираат оштетените кујнски елементи или плакари, тогаш одлучете се за самолеплива фолија. Ги има во разни бои.


You must be logged in to post a comment Login