• Сподели на:

7 неодоливи видови на прегратки кои може да ги добиете од мажот

___

Постојат неколку видови на прегратки кои може да ги добиете од мажот и секоја од нив е посебна на свој начин.

Познато е дека прегратката има позитивно влијание на психичкото и физичкото здравје на човекот. Прегратка може да даде секој, а особено помага кога ни е тешко.

Научниците тврдат дека со помош на прегратката можеме да изградиме доверба и чувство на сигурност, како и да ја зајакнеме поврзаноста со личноста која ја прегрнуваме. Исто така го зголемува нивото на хормоните кои се важни за среќа, а го намалува стресот. Ја ублажува болката, ги опушта мускулите, ја намалува напнатоста, а најдобро од се е тоа што е бесплатна.

Значи, немојте да се срамите да покажете емоции и прегрнувајте се кога и да можете. Имено постојат неколку видови на прегратки кои може да ни ги даде мажот и секоја од нив е посебна на свој начин, а ние ви ги претставуваме кои се.

Фаќач

Вид на прегратка каде на својот партнер му доскокнувате во раце, а тој силно ве гушка околу половината. Можете да ги дигнете нозете во воздух и наместите околу него додека тој цврсто ве држи. Вакви прегратки се случуваат најчесто кога сме многу возбудени и среќни што конечно го гледаме својот партнер од кој сме биле одвоени некое време. Можеби поминале неколку дена или повеќе, но двајцата сте возбудени поради средбата. Оваа прегратка е многу ретка, па затоа е и многу драгоцена и слатка.

Завртете се

Дотрчајте му на својот маж во прегратка, а тој ќе ве подигне и силно ќе ве заврти пред да ве спушти на земја. Оваа прегратка е многу разиграна и забавна и сигурно ќе ве насмее и развесели.

Стисни ме силно”

Една од најдобрите прегратки е онаа кога мажот ве гушка цврсто за да ви докаже колку ве сака. Ако партнерот ве прегрнува на овој начин, тоа значи дека навистина ве сака. Кога ќе примите ваква прегратка, покажете му колку го цените и сакате. Тоа многу значи.

Подигнување во воздух

Прво ќе ве прегрне, а потоа ве подигнува во воздух. Ова е забавна прегратка која двајцата ќе ве насмее, а покажува дека му значите. Освен тоа, ја покажува и неговата сила, а сите ние знаеме колку мажите сакаат да се фалат со своите мускули. Овој вид на прегратка е одлична можност да ви покаже колку е силен.

Долга прегратка

Долгите прегратки едноставно ги обожаваме. Го знаете она чувство кога сакате засекогаш да останете во прегратките на мажот кој го сакате? Епа тоа е тоа. Оваа прегратка сакате да трае цел живот.

Очи во очи

Кај оваа прегратка “очи во очи”, мажот најпрвин ќе ве прегрне а потоа малце ќе се оттргне и ќе ве погледне во очи. Оваа прегратка е од најинтимните видови и покажува дека на мажот навистина му значите и дека многу ве сака. Кога ќе ве погледне во очи покажете му дека сте среќни што го имате.

Во неговите раце

Ако мажот е малку повисок од вас, тогаш можете да ја навалите главата на неговите гради. Таквата прегратка е одличен начин за поврзување, а воедно е и многу романтична. Тука се чувствувате заштитени од сите зла на светот.

Прегратките се наједноставниот начин да покажеме некому дека ни значи. Може да ги дава и прима секој, а значат многу. Која е вашата омилена прегратка?


Оставете коментар

___