Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____лајфстајл features

6 Начини да се разбудите, а да не пиете кафе

Многу луѓе имаат навика новиот ден да го започнат со шолја кафе. Досегашните истражувања покажале дека пиењето кафе го намалува риикот за дијабетес, депресија па дури и некои врсти на рак. Но, ако пиењето кафе поради некои причини не одговара или не сте во можност да ја следите таа утринска навика,  постојат и други можности.

  1. Протегнување – Заземете “рибна поза”. Легнете на грбот и ставете ги рацете под колковите. Потоа подигнете го телото над рамениците и полека истегнете ја главата. Оваа вежба го стимулира телото и помага во борбата против замор.
  2. Јадете јаболко – Ова е брз начин да се разбудите. Јаболката содржи шеќер и други јаглени хидрати кои можат да го стабилизираат нивото на шеќерот во крвта. На истиот начин ќе делува и бананата и портокалот. Ако сте во можност, комбинирајте овошје со сладок јогурт за да се чувствувате сити.
  3. Станете од креветот и вежбајте – Ова сигурно е последната работа која би ви паднала на памет во раните утрински часови, посебно не веднаш по будењето. Вежбањето ослободува ендорфин поради кој се чувствуваме добро.
  4. Излезете на воздух и утринското сонце – Овие денови се помалку се сончеви денови, но немојте тоа вас да ве обесхрабри. Излезете малку на воздух, тоа ќе ве разбуди, но и ќе ви го зајакне имунолошкиот систем. Сончевите зраци би требало да го подобрат вашето расположение.
  5. Туширање – Туширањето со малку ладна вода може да биде тотално непривлечно. Но со време ако се навикнете, таа промена на температура може да го намали стресот.
  6. Чај – Често можеме да слушнеме препораки на експертите кафето да го замениме со чај. Иако во мали количини и чајот содржи кофеин, го зајакнува имунолошкиот систем и го намалува крвниот притисок.

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...