Во моментите кога не постои ништо што ве стимулира, изненадувачки чувствувате некоја празнина која едноставно не знаете како да ја исполните, па велите дека ви е досадно. Научниците до сега ги идентификувале овие пет вида на досада.
Индиферентната досада се опишува како состојба на умот, повлекување во себе и безволност која нема негативни чувства. Овој, релативно безопасен облик на досада, се манифестира со мрзеливост и незаинтересираност за светот околу себе.
Прилагодената досада во себе вклучува и сонување, желба во тој момент чувството на досада се промени. Психолозите овој вид на досада го категоризира како блага непријатна емоционална состојба.
Вознемирувачката досада има компонента на блага непријатност и психолошки немир во кој поединецот активно бара да излезе од таа состојба.
Излудувачката досада ги мотивира луѓето да пронајдат излез и да најдат нешто да работат, а притоа се лутат и создаваат големо количество на негативна енергија.
Апатичната досада е состојба во која личноста не може да ја поднесе ни за момент ситуацијата во која се наоѓа, но нема храброст да ја промени, па со монотонијата се јавува и тага и беспомошност.

You must be logged in to post a comment Login