Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____лајфстајл features

5 причини поради кои жените живеат подолго од мажите

Просечниот животен век на човекот изнесува 78 години и 9 месеци. Но според статистиките, новородено девојче може да очекува дека ќе живее 81, додека момче родено истата година треба да очекува дека ќе живее 76, што е за 5 години помалку. Мажите се биолошки и социолошки во незгодна позиција во текот на целиот живот. Еве и кои се причините за тоа.

  1. Девојките се посилн додека се во утробата на мајката – Момчињата во стомакот на мајката се развиваат поспоро отколку девојчињата, што значи дека има поголеми шанси дека ќе умрат доколку предвремено се родат поради слабата развиеност на плуќата или мозокот.
  2. Жените помалку ризикуваат од мажите – Ненамерните повреди се трети по ред причина за смрт меѓу мажите. На женскиот список тие се на шесто место. Но и за тоа е крива биологијата: делот на мозокот кој се наоѓа во предниот дел на черепот ја контролира одговорноста и пресметување на ризик, а тој дел многу побрзо се развива кај жените отколку кај мажите. Поради тоа мажите сакаат да ризикуваат, па влетуваат во повеќе неволји кои можат да бидат и погубни.
  3. Жените подоцна подлегнуваат на срцеви болести – Срцевите болести се најчеста причина за смрт кај мажите и жените, но мажите повеќе боледуваат од нив и почесто умираат поради истите, дури и во 30-тите и 40-тите години. На жените во просек им се развиваат срцеви болести 10 години подоцна од мажите.
  4. Жените имаат подобри друштвени односи – Пријателите се лековити. Лѓето со друштвените врски имаат 50 проценти помалку шанси да умрат предвремено од оние со само неколку друштвени контакти. Исклучок се женетите мажи, што уште еднаш потврдува до заклучокот до кои многу студии дошле до тоа дека тие се здрави и подолго живеат.
  5. Жените повеќе се грижат за своето здравје – Жените за 24 проценти повеќе го посетуваат докторот. Дури четвртина (28 %) од мажите не идат на редовни прегледи. ;ажите најчесто негираат дека се болни или ги намалуваат симптомите, бидејки не сакаат да одат на доктор и да дознаат дека нешто не е во ред.
Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement