• Сподели на:

5 љубовни совети на успешните жени

___

Да пронајдете љубов можеби и не е толку тешко, но да ја задржите покрај себе и да остварите врска за цел живот претставува голем предизвик. Некои жени се едноставно створени да успеат во тоа и тоа благодарејќи на позитивниот начин на размислување.

Не постои одреден тим на мажи – Типот на мажите е одличен концепт – ако сакате засекогаш да останете сами. Жените кои се среќни во љубовта немаат попис на квалитети кои ги бараат, а доколку го имаат, знаат дека неможат да се придржуваат стриктно на тој попис. Ако дадете шанса само на одредени луѓе, мали се шансите дека баш некои од тие избраници ќе ви дадат шанса на вас.

Мааните не се толку важни – Жените кои не се среќни во љубовта секогаш ќе пронајдат една мана поради која ќе го отпишат потенцијалниот партнер, а оние среќните на таа мана ќе замижат или ќе ја претворат во доблест. Никој не е совршен, но љубовта помеѓу двајца несовршени луѓе може да биде совршена.

Не живејте во минатото – По тешко и болно раскинување, најлесно е само да размислите за тоа што би било кога би било… Успешните жени сваќаат дека една љубов завршила  и дека нема смисла да чекаат да се врати. Мажите не сакаат жени кои во врската се претвораат во неприметна особа која живее само за нив, туку се вртат кон иднината.

Не ги генерализирајте мажите – Само затоа што еден маж бил лош према вас, не значи дека сите се како него и дека се однесуваат како него. Многу жени се препуштаат на овој начин на размислување, па самите себе се кочат во пронаоѓање на нова љубов. По раскинување потребно е само малку време да го преболите бившиот и да продолжите со оптимистички став.

Имајте свој живот – Кога сте во врска секако дека ќе го реорганизирате својот живот со секојдневните обрски како би можеле да се посветите на партнерот. Но никогаш не смеете да го отфрлите својот живот само поради тоа што имате дечко. Жените кои покрај новиот партнер имаат и свој живот, се многу поуспешни во љубовта од оние кои едноставно се препуштаат.


Оставете коментар

___