• Сподели на:

5 факти за Њујорк кои веројатно не сте ги знаеле

___

Њујорк, Њујорк…Нам толку далечен, опеан во многу песни… за него секојдневно слушаме различни приказни. Ама тоа не значи дека за Њујорк знаеме баш се. Ова се 15 факти за Големото јаболко кои веројатно не сте ги знаеле до сега.

 

1. Ако сакате да таксирате во Њујорк и да го возите познатото “Yellow Cab” (жолто такси)  потребно е да издвоите милионче (долари) колку што чини лиценцата, дозвола за извршување на оваа работа.

2. Тоалетната хартија е измислена од Џозеф Гејети во 1857 година баш во Њујорк

3. Њујорк е спремен да плати авионска карта во еден правец на секој бездомник кој на тој начин би стигнал до некое сигурно место

4. Очните јаболка на Алберт Ајнштајн се наоѓаат во еден сеф во овој град.

5. на 28 ноември 2012 година прв пат во историјата не е пријавено ни едно убиство, прободување или некој сличен инцидент.

6. Во Њујорк живеат повеќе луѓе отколку во 39 од 50 американски држави.

7. На секоја 4.4 минута во Њујорк се раѓа по едно бебе, а на секоја 9,1 минута некој умира.

8. Околу 60% од цигарите кои се продаваат во Њујорк се шверцувани од други држави.

9. Во Њујорк има повеќе студенти и дипломци отколку што Бостон има жители.

10. Empire State building има  свој посебен зип код.

11. Во најстариот ирски паб „McSorley’s” не им бил дозволен влез на жените се до 1970 година.

12. Times Square го добил името по Њујорк Тајмс. Оригиналното име било „Longacre Square”, а името го смениле во 1904 годинакога таму се преселила редакцијата на весникот.

13. Зимата во 1780 била толку јака што се замрзнало и пристаништето во Њујорк. Граѓаните можеле пеш преку мразот да одат од Мехетн до Стејт Ајленд.

14. Телата на умрените за кои никој не се јавил од роднините да ги идентификува или погреба, се погребуваат на остров чие име во превод значи „срце” и се наоѓа на крајбрежјето на Бронкс. Од 1869 година овде се погребани скоро милион тела. Островот не е отворен за јавност.

15. Цената за парче пица и за едно возење со метро во Њујорк е иста веќе 50 години наназад.


Оставете коментар

___