Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____лајфстајл features

15 работи кои вашите гости нема да ги приметат: Освен можеби последните три!

Многу луѓе избегнуваат гости бидејќи се плашат дека куќата не им е доволно чиста или дека нема да имаат доволно место за сите.

Кога ќе ви се најават гости, вие обично како излудени почнувате да трчате по куќа пробувајќи да направите каков таков ред. Потоа почнувате да размислувате како прозорите се прљави, полиците полни прашина…

Посетата на пријателите ја доживувате како шок бидејќи не можете да се опуштите и уживате.

Ова се 15 работи кои вашите пријатели стварно не ги интересираат, затоа опуштете си и уживајте во дружбата:

1. Нив не ги интересира што вашиот фрижидер е полн со храна од поминатиот божиќ.

2. Изгризаната и излижената играчка на вашиот миленик.

3. Фактот дека вашиот бел тепих е сега со боја на кафе.

4. Не ги интересира пригушеното светло во купатило со кое пробувате да го покриете каменецот кој не можете да го отстраните од славините.

5. Тие немаат поим дека сите непотребни работи сте ги наставале во плакарот или на таванот.

6. Гостите никогаш нема да го приметат постерот кој мажот го донел уште од неговиот стан а вас ви е трн во око.

7. Неорганизирани полици со книги.

8. Колекцијата од искршени играчки од вашите деца кои се наоѓаат на полицата со книги.

9. Многуте отворени сметки со искинато плико во ходникот.

10. Дека бојата на дневната соба е за нијанса потемна одколку што првично сте планирале.

11. Прашината на високите полици.

12. Дека вашиот мебел сте го купиле пред пет години и дека не сте го измиле до сега.

13. Дека пешкирите во купатило не се вклопуваат со целокупната декорација на просторот.

14. Дека вашиот паркет е толку изгребан.

15. Дека користите хартиени чинии за послужување во градината ( под услов да не се оние најефтините за кои се лепи храната ).

Работи кои дефинитивно ќе ги приметат:

1. Ако сте под стрес за нередот

2. Ако нема доволно храна во чинијата

3. Ако нивната чаша не е полна.

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...