• Сподели на:

12 работи кои мажите ги сакаат кај жените повеќе од нивниот физички изглед  

___

Работите кои мажите ги сакаат кај жените обично немаат никаква врска со нивниот изглед – големината на градникот, обликот на телото или бројот на килограми.

Точно е дека физичкиот изглед е она што најпрво се приметува и она што го привлекува или одбива другото лице, но на долг рок, некои други квалитети и особини се во преден план.

Ова се 12 работи кои мажитеги сакаат кај жените повеќе од изгледот

  1.  Способност за слушање

Многу луѓе ги ценат луѓето кои се едноставно умеат да го слушнаат она што им се зборува без изјавите – “Јас ти реков” изјави, лекции, совети и непотребни коментари со кои се обидувате да докажетедека вие сте во право. Понекогаш треба само да го слушате лицето што се обидува да ви објасни нешто, за да покажете дека навистина ви е грижа за тоа. Исто така, потребно е да бидете трпеливи, бидејќи на повеќето мажи им е потребно малку повеќе време за обработка на нивните проблеми, пред тие да почнат да зборуваат за нив.

  1. Спонтаноста

Да бидете во можност да ги прифатите работите такви какви што се и да се чувствувате удобно во било која ситуација е особина која повеќето мажи ја ценат кај жените.

  1. Возачки способности

Иако повеќето мажи често се жалат на жените возачи, повеќето од нив го делат мислењето колку е добро жената да има екстра возачки способности, кои се одлика на секоја модерна жена.

  1. Исполнетост и задоволство сигурност во себе

Жените кои уживаат во се што прават всушност се многу попривлечни за мажите, а сајтот All Women’s talk пишува дека жените треба да престане да се оптеретуваатсо она што го немаат, и да уживаат во она што го имаат, гордо носејќи го тоа. Не се работи дека жената мора да биде најубава, најсекси, да има одлична работа или импресивна биографија, туку да научи да биде среќна и задоволна со она што го има и со себе како личност.

  1. Способност за уживање во храна

Хранете се здраво и обидете се да внимаватена вишокот калории, но немојте опсесивно даги пребројувате и да сте на постојана диета. Мажите не сакаат (и не ги разбираат) жените кои се постојано на диета, а имсе допаѓа кога жената е во состојба да оди во ресторан без оптеретување и комплексида нарача пица или хамбургер или некој друг калоричен оброк.

 

  1. Кулинарскиспособности

Старата поговорка вели дека “патот до срцето на мажот е преку неговиот стомак.” Многумина ќе речат дека во ова има многу вистина. Мажите сакаат жени кои знаат да готват и кои се подготвени и сакаат да се готват за нив. Тоа може да звучи како сосема анти-феминистичка теорија и генерализирано клише, но во прашање е традиционалното поимањеза жените кое дополнителносе цени, ако е добра домаќинка.

  1. Природност

Иако “пластичните” и “вештачки” девојки на пошеток добиваат повеќе внимание од мажите, ретко кој од нив е во стојба да ги прифати за нешто посериозно, на долг рок. Многумина ќе се согласат дека мажите за сериозна врска или брак се во потрага по едноставна и природнадевојка “девојкаод соседството”.

  1.  Подготвеност за компромис

Секој сака луѓе кои се способни за компромис и кои се спремни да се откажатод своитепринципи заради друга личност, не форсирајќи пркос, гордост и потреба секогаш да се биде во право.

  1.  Грижливост

Мажите сакаат да знаат дека се грижите за нив, но не претерувајте. Грижете се за него кога тој е уморен или болен, изненадувајте го од време на време, слушајте го кога тој зборува за неговите проблеми, но немојте да го третирате како дете кое не е во состојба да направи ништо само.

  1.  Смисолза хумор

Ова е особинакоја сите мажи ја ценат кај жената, особено оние со кои тие планираат нешто сериозно. Сепак, она што е уште поважно е да имате слична смисол за хумор, кој е компатибилен. Така никогаш нема да ви е здодевно! На ист начин ние ги избираме нашите пријатели.

  1.  Жени кои се грижат за себе

Само жените кои се во можност да се грижат за себе (но не и да се себични и егоцентрични) се оние кои праќаат слика дека еден ден ќе бидат во можност да се грижат за семејството и да бидат добри жени и мајки.

  1.  Ментална сила

И последно, но не и најмалку важно – една од најважните работи кои мажите ги сакааткај жените е менталната сила. Таа ве прави да сте отпорни на ударци, влијание од животната средина и покажува како можете да бидете цврста поддршка за себе и за другите.


Оставете коментар

___