Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____лајфстајл features

10 неверојатни места за кои не би поверувале дека постојат

Овие места секако не спаѓаат во идеални дестинации за одмор или уживање, но сепак ќе ве остават без здив.

Пустината Талас ( The Wave ) , Аризона

Пустината Талас се наоѓа недалеку од границата помеѓу државите Аризона и Јута. Нејзиното освојување претставува вистински предизвик за планинарите и фотографите кои сакаат да ги доживеат овие необични таласасти ридови со различни бои.

talas-arizona-1395240627-30492

Исус од Абисот ( The Christ of the Abyss) Италија

Величествена бронзена статуа од Исус се наоѓа на дното на медитеранското море, во близина на градовите Камогли и Портофино. Таа е вистинска атракција за човечкото око, а во морето е поставена на 22. Август 1954 година, на длабочина од 17 метри. Ова ремек дело со висина од 2.5 метри претставува оригинална статуа од Исус, додека низ светот се наоѓаат бројни реплики.

isus-od-abisa-1395238137-30474

Ангкор Ват ( Angkor Wat) Камбоџа

engkor-vat-1395238411-30476

Ова е најголема верска градба во светот. Претставува најважен храмски комплекс на камобоџискиот регион Ангкор. Зборот Ангкор значи град, а Ват на Тајландски значи храм. Еден од најпрепознатливите симболи на овој комплекс се големите корења кои растат и се размножуваат преку храмот.

angkor-vat-1395238137-30472

Мансел морските тврдини ( Maunsell Sea Forts ) Велика Британија

Овие тврдини претставуваат мали кули, поставени на почетокот на Темза за време на втората светска војна, заради одбрана на Велика Британија. Од крајот на педесетите се користа за други цели. Своето име го добиле по својот градител Гај Мансел ( Guy Mansel ) .

maunsel-tvrdave-engleska-1395238989-30478

Метрото во Стокхолм, Шведска

Една од главните атракции на Шведска се нејзините метро станици низ Стокхолм. Под површината се наоѓаат 47. Специфични се благодарение на својот дизајн и насликани ѕидови, а нивните ѕидови спаѓаат во најдолга арт галерија во светот.

metro-u-stokholmu-1395239833-30482

Чанд Баори бунарот ( Chand Baori Well ) Индија

Една од најстарите и најатрактивни знаменитости во индиската држава Раџастан се скалестите бунари во селото Абханер. Направени се од порозни вулкански карпи пред 1200 години.

cand-baori-indija-1395240422-30488

Вратата на пеколот ( Door to hell ) Туркменистан

Вратат до пеколот претставува огнена дупка која се наоѓа во пустината во Трукменистан, блиску до селото Дервеџе, одприлика 260 километри одалечено од главниот град Ашгабата. Името го добила поради тоа што гори од 1971 година од кога е и пронајдено.

door-to-hell-1395236577-30464

Колманскоп ( Kolmanskop, The Namib Desert ), Намибија

Колманскоп е напуштен град, таканаречен град на духовите, кој се наоѓа во пистината Намиб на југот од Намибија. Во 1908 година работникот Захариас Левала, случајно пронашол дијамант додека работел во овој регион. Брзо е утврдено дека овде се наоѓаат големи количини дијаманти, што било доволна причина овде да се населат голем број германски рудари.

kolmanskop-1395314643-30552

СС Ајфилд ( SS Ayfield) Австралија

Стогодишниот брод обраснат во шума се наоѓа во заливот Хоумбуш недалеку од Сиднеј. Претставува вистинска туристичка атракција.

homebush-australija-1395315381-30556

Бајкалското езеро, Русија

Ова фасцинантно езеро се наоѓа во источниот дел од азиска Русија. Тоа е воедно и најдлабокот езеро во светот а второ по површина во Азија.

get_image_variation.php

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement