Состојки:
-компир
-белка од јајце
-зачини по желба
Пржењето како начин на припремање на храната не е баш препорачливо. Па затоа ви нудиме начин како да припремите здрав помфрит.
Исечете го компирот, помешајте го со белките од јајца во кој сте ги ставиле зачините. Наредете го компирот на хартија за печење. Компирот печете го во загреана рерна на 220 степени додека да порумени. Белките за време на печењето помфритот ќе го направат крцкав, а компирот сепак нема да плива во зејтин.

You must be logged in to post a comment Login