Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

КУЈНА

Вкусни путер колачиња со лимон

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: (за околу 30 колачиња):

* 220 г путер

* 120 г шеќер

* 1 поголемо јајце

* 2 лажички кора од лимон

* 1 лажичка сок од лимон

* 300 г брашно

* Шеќер во прав за декорација (опционално)

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Загрејте ја рерната на 180˚C

Со миксер изматете го путерот со шеќерот, додека не добиете пенеста смеса. Потоа додадете го јајцето, кората од лимон и лимоновиот сок. Откако ќе добиете компактна смеса, постепено додавајте го и брашното за да не добиете грутки.

Ставете хартија за печење на плехот и направете мали топчиња со вашите раце.

Направете шара и малку израмнете ги колачињата со едноставно притиснување со вилушка.

Печете ги 15 минути додека не добијат златеста боја.

Откако ќе се оладат декорирајте ги со шеќер во прав или пак со некое ситно овошје, како јаготки или малини.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement