ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 1 литар млеко
* 150 g ориз
* 1 ванилин шеќер
* 6 лажици шеќер
* 150 g млечно или темно чоколадо
* 50 g путер или маргарин
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Оставете го млекото да зоврие заедно со обичниот шеќер и ванилиниот шеќер, па додајте го маргаринот. Мешајте додека не се стопи.
Додајте го оризот и варете го околу 20-25 минути.
Додајте го чоколадото и варете уште 15 минути на тивка температура со често мешање.
Чоколадниот сутлијаш е готов кога оризот убаво ќе омекне и ќе стане кашест.
Ако случајно ви излезе малку поредок, секогаш можете да додадете 1 лажица густин или чоколаден пудинг.
Топлиот сутлијаш ставете го во чинии, оставете го да се олади, а потоа декорирајте со коцки чоколадо.

You must be logged in to post a comment Login