Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

КУЈНА

Тава со ориз и мелено месо

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 200 г ориз

* 2 главици кромид

* 1 морков

* 1 црвена пиперка

* 1/2 корен целер

* малку масло за готвење

* 400 г мелено месо

* 150 г кашкавал

* малку сол, црн пипер

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Во длабок сад ставете вода, посолете и ставете го оризот. Варете го се додека не омекне. Исцедете го и префрлете го во огноотпорен сад (садот претходно намачкајте го со масло за готвење).

Морковот изрендајте го. Кромидот ситни исечкајте го. На малку масло за готвење, пржете ги околу 10 минути. Пиперката и целерот исечкајте ги, додадете ги во тавата и пржете уште неколку минути.

Во тавата додадете го мелено месо, зачинете со сол и црн пипер и пржете го неколку минути се додека месото не ја промени бојата.

Запрженото месо ставете го врз сварениот ориз.

Одозгора нарендајте кашкавал и пече на 180 степени, околу 30 минути или се додека кашкавалот не добие златно-кафена боја.

Запечениот ориз со мелено месо оставете го малку да се олади и сервирајте го.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement