Состојки:
-1 француска интегрална векна
-250 гр. млечен намаз
-5 кисели краставички
-1 зелена пиперка
-200 гр. шунка
-100 гр. моцарела
-мешан зачин
-бибер
Подготовка:
1.Француската векна исечете ја на парчиња со дебелина од 1 см.
2.Киселите краставички и пиперката исечкајте ги на ситни парчиња.
3.Во соодветен сад соединете ги млечниот намаз, пиперката, краставичките, зачинете по вкус и добро измешајте.
4.Парчињате леб намачкајте ги со припремениот фил. Парчињата шунка замотајте ги и по две парчиња нанижете на чепкалка.
5.Чепкалките забодете ги во лебот а одозгора ставете по едно парче моцарела. На ист начин подгответе ги и останатите тапаси.

You must be logged in to post a comment Login