Состојки:
– 1 паковање корпички
– 3 јајца
– 2 dl павлака
– 100 g мајонез
– 1 зелена салата
– 5 кисели краставици
– 75 g пченка шеќерец
– 120 g тенки кругчиња чајна
– 1 лута пиперка
– мешавина од зачини
– бибер
Подготовка:
1. Сварете ги јајцата и изрендајте ги на крупно ренде. Зелената салата измијте ја и исечете ја на ленти. Киселите краставици ситно исецкајте ги, а лутите пиперки исечете ги на кругчиња.
2. Во соодветен сад, соединете ја павлаката, мајонезот, ренданите јајца, пченката, киселите краставички и зелената салата. Додадете зачин по вкус и измешајте.
3. Во секоја корпичка ставете од припремената салата. Чајната замотајте ја во вишек, забодете по две во салатата и декорирајте со кругче лута пиперка.

You must be logged in to post a comment Login