Состојки:
За кората:
60 гр путер
60 г брашно
2,5 дл млеко
4 јајца
100 гр кашкавал
За фил:
4 дл павлака
300 г чадена печеница
1 лажица сенф
1 лажица сецкан магдонос
200 гр кашкавал
Подготовка:
Кора:
- Во мал сад се топи путерот, додадете брашно и пржете кратко .
- Постепено додадете млеко и мешајте додека не ја добиеете потребната густина. При крајот додадете сол по желба.
- Во оладениот сос додадете ги жолчките од јајца, кашкавалот и промешајте. На крај додадете ги белките од јајцата и промешајте.
- Тркалезно тавче обложете го со хартија за печење, ставете една третина од смесата и печете на 200 степени додека не се вцрвени. На истиот начин испечете ги двете останати кори.
Фил:
- Дименета печеница ситно исецкајте ја
- Во сад промешајте ги павлаката и сенфот, а една третина од смесата издвоете и оставете ја на страна.
- Во остатокот од смесата додадете ја печеницата и магдоносот, па постепено промешајте.
Последна постапка:
- Првите две кори намачкајте ги со припремениот фил и наредете ги едно по друго. Преклопете со третата кора и намачкајте ја смесата од павлака
- Од горе ставете рендан кашкавал

You must be logged in to post a comment Login